fbpx

(ВИДЕО) Студентите маршираа со пароли и со свирежи (Обновено)

-

„Автономија, автономија“ ,Ние не сме клиенти, ние сме студенти“, „Заокружете нè“ се паролите што ги извикуваат студентите на студентскиот марш. Тие се упатуваат кон Собранието на Република Македонија, извести репортерот на новинската агенција „Мета“.

Како што јави нашиот репортер, студентите масовно се приклучуваат на протестот, а за сè да помине во најдобар ред, имаат задолжено и редари. Се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Студентите, во моментов, од Собранието се упатија пред владата на Република Македонија, а на фоторепротерите не им било дозволено да фотографираат од Триумфалната капија. Како што јави нашиот репортер, многу граѓани се прилучуваат на студентскиот марш при нивното движење.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...