fbpx

Протест против загадувањето на Скопје

-

Стотина главно млади луѓе излегоа на денешниот марш против загадувањето на воздухот во центарот на Скопје, во организација на невладината „Гоу грин“, пишува „Радио Слободна Европа“.

Демонстрантите, кои носеа гас-маски, за симболично да покажат дека во Скопје тешко се дише, извикуваа „Биди зелен“, „Кој е крив што градот ни е сив“ и „Сакаме чист воздух“.

Тие велат дека Скопје е можеби најзагаден европски град.

– Од ден на ден, нивото на ПМ10-честичките се зголемува сè повеќе, обојувајќи го градот во сиво. Секои 10 микрограми ПМ10-честички во еден кубен метар воздух го зголемуваат ризикот за рак на бели дробови за дури 22 отсто, а во Скопје нивото на овие честички достигна дури и до 700 микрограми на еден кубен метар. Дозволеното ниво на овие честички изнесува максимум 50 микрограми на еден кубен метар – велат организаторите, кои бараат конкретни мерки за спречување на загадувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...