fbpx

Средношколци маршираа против екстерното тестирање

-

Средношколци од неколку училишта од Скопје, преку марш побараа да се запре екстерно тестирање и математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура. „Средношколски пленум“ маршот го почна во Градски парк, а со извиците „Не за математика“, „Преку матурата“ и „Ние сме иднината“ средношколците се упатија кон Министерството за образование и наука, каде го завршија протестот.

– Нашето присуство овде кажува дека ние не сме некои што можат да бидат игнорирани и манипулирани. Кажува дека сме храбри, силни и сплотени, кажува дека сме моќни. Кажува дека не ви се плашиме, кажува „не“ на вашите лоши реформи во образованието – рече средношколката Евгенија Јанакиеска пред МОН.

На првиот марш на „Средношколски пленум“, средношколците рекоа дека очекуваат одговори на нивните барања од МОН и од Бирото за развој на образованието. МОН претходно го одби барањето на средношколците за математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура.

– Прво поднесовме барање математика да не биде задолжителен предмет на државната матура и тоа барање ни беше одбиено. Минатата недела поднесовме барање екстерното да се стави во мирување, за што уште немаме одговор. Екстерното тестирање веќе неколку години не дава позитивен резултат и поднесени се огоромен број приговори. Исто така, при самото оценување на учениците има повеќе стадиуми, а екстерното го исполнува само стадиумот на помнење. Ова е првиот марш на „Средношколски пленум“ при што очекуваме одговор и од МОН и од Бирото за развој на образвоанието. Доколку не ни биде даден одговор, ние како пленум ќе разговараме и ќе одлучиме што најдобро би било да направиме понатаму. Овде не се собравме поради некои непознати причини, ние неколкупати искажавме дека таквите реформи не даваат плод. Доколку сакаме да имаме развиено општество, треба да инвестираме во образованието и во почетокот, а не во крајот – вели средношколката Моника Пешеска од гимназијата „Раде Јовчевиќ-Корчагин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...