fbpx

Кои присуствуваа, а кои лидери го игнорираа маршот во Париз?

-

Претседателот на САД, Барак Обама, не присуствуваше на маршот  во Париз, кој се одржа вчера како протест против убиството на новинарите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Не присутвуваше ниту државниот секретар Џон Кери, кој, пак, заедно со македонскиот премиер Никола Груевски, беше гостин на самитот на претприемништвото „Вибрант Гуџерат“ во Индија.

Американските медиуми посочуваат дека запрепастувачки било тоа што нивни претставник на маршот бил само амбасадорот на САД во Париз, Џејн Хартли.

„Си-Ен-Ен“ денеска со фотографијата на лидерите (меѓу кои и грчкиот премиер Андонис Самарас) отворено прашува „Каде беше Обама?“.

Во Париз, но на безбедносен самит за борба против тероризмот, бил и јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер.

На маршот присуствуваа британскиот премиер Дејвид Камерон, израелскиот Бенјамин Нетанјаху, германската канцеларка Ангела Меркел, палестинскиот претседател  Махмуд Абас, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Од земјите од регионот учествуваа претседтелката на Косово, Атифете Јахјага, премиерите на Албанија и на Турција, Еди Рама и Ахмет Давитоглу, босанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Златко Лагумџија, и претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ.

Меѓу присутните беа и премиерот на Ирска – Енда Кени, португалскиот премиер Педро Пасо Коељо, чешкиот премиер Бохуслав Соботка, словачкиот Роберт Фицо, латвискиот Лајмдота Стаујума, бугарскиот Бојко Борисов, унгарскиот Виктор Орбан, хрватскиот Зоран Милановиќ и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...