fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Истражување: Повеќе од 50 отсто од граѓаните сметаат дека хомосексуалноста треба да се лекува

Само еден отсто од општата популација во Македонија знае што означува ЛГБТИ, високи 58 отсто од родителите сметаат дека ако нивното дете е ЛГБТИ, треба да се лекува, а 84 отсто од граѓаните во државата не поддржуваат парада на гордоста, покажуваат резултатите од регионалното истражување на јавното мислење за ЛГБТИ, кое летово се спроведуваше во Македонија и во другите...

Грција ја затвори границата со Македонија – ги сели мигрантите

Полицијата на северот на Грција го затвори граничниот премин со Македонија и не дозволува бегалците да се доближат на повеќе од пет километри од неа, јавува „Њу Јуроп“, повикувајќи се на агенцијата „Асошиејтед прес“. Акцијата следува поради фактот што во меѓуграничниот простор се наоѓаат стотици лица на кои им е забранет влез во Македонија, поради неисполнување на условите за добивање...

НАТО: Македонија што побргу да го заземе заслуженото место во Алијансата

Македонија и понатаму активно придонесува во операциите на Алијансата низ светот, е заклучокот од денешниот редовен годишен состанок во Брисел на Република Македонија со Комитетот на ниво на заменици на постојаните претставници на НАТО. На состанокот била презентирана годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2015-2016 година, како дел од 17. циклус на акциониот план за членство,...

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Македонија денеска го чествува државниот и црковен празник Свети Климент Охридски, на кој се одбележува делото на словенскиот писател и просветител, првиот словенски епископ и основач на Охридската книжевна школа. Свети Климент Охридски, заедно со Наум Охридски, е најистакнат ученик на создавачите на словенската азбука и писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и е најверен продолжувач на нивното дело. Во чест на празникот,...

Брисел не сака да го коментира предлогот за медиумите на Ванхауте

Европската комисија не сака да шпекулира за деталите од тековните преговори за законот за медиуми, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментираат предлог-законот што го доставил олесувачот Питер Ванхауте, а кој не е во согласност со законите за медиуми на ЕУ. - Продолжуваме со работата што ја правиме како Европска унија, со целосно...

Попоски: Тимови на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница

Тимови на агенцијата на Европската унија за обезбедување на надворешните граници - Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница, потврди во изјава за телевизијата „Канал 5“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој учествува на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Белград, Србија. „Одлуката за конечно упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал по долго убедување....

Грција ги негира тврдењата за исклучување од шенгенската зона и за одбиена соработка со Фронтекс

Грција остро реагира во врска со информациите дека Европската комисија (ЕК) размислува за нејзино исклучување од шенген- зоната поради проблемот со справување со бегалците. Министерот за внатрешни работи, Јанис Музалас, на денешната средба со новинарите истакна дека овие информации доаѓаат како предлози и притисоци од држави како Унгарија, меѓутоа не се официјален став, ниту размислување на ЕК. Музалас призна дека постојат вакви предлози...

Коѕиас ја критикуваше Македонија во Техеран

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, говореше за македонско-грчкиот спор и упати критика на сметка на македонската влада во Иран. Грчкиот министер за надворешни работи, на говорот на Универзитетот во Техеран викендов, за грчката надворешна политика издвои подолго време за да го претстави спорот за името како посебен проблем за Грција, посочувајќи дека една од причините поради која не...

Претседателот Иванов на Самитот на ОН за климатските промени во Париз

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на отворањето на 21. Самит за климатски промени (COP21), што се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на самитот, кој свечено ќе биде отворен од...

Бејли: Оставките на Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески не се доволни

Оставките на двајцата министри и шефот на контраразузнавачкиот сервис беа важни, но, секако, не беа доволни и затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори, изјави амбасадорот на Соединетите американски држави во Македонија, Џес Бејли во синоќешното интревју во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“. „Има процес и во Собранието преку...

Седницата на Анкетната комисија за прислушување одложена за в понеделник

Седницата на Анкетната комисија за прислушувањето е одложена за в понеделник. Претседателот на комисијата Петре Шилегов, рече дека е постигнат значителен напредок околу ставовите и затоа ќе даде дополнително време членовите целосно да ги усогласат ставовите. - Бидејќи веќе постигнавме некаков напредок во усогласувањето на ставовите, идејата е седницата да се одложи за понеделник, на паузата од пленарната седница и до...

УНИЦЕФ почна кампања за еднакви шанси за децата со попреченост

УНИЦЕФ заедно со група активисти почнаа со кампања која има за цел да го смени начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој се однесува кон нив. Од УНИЦЕФ истакнуваат дека стигматизацијата, ставовите и недостигот на свесност придонесуваат кон дискриминацијата и отфрленоста со кои се соочуваат децата со попреченост. - Децата со попреченост се...

Попоски до Могерини: ЕУ по изборите во април да ги отвори вратите за преговори

Шефот на македонската дипломатија денеска во Брисел се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. Како што соопштија од македонското МНР, на состанокот се разговарало за перспективите во евроинтегративниот процес на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија. Попоски ја поздравил продолжената препорака за донесување одлука за почеток на...

Иванов му порача на Столтенберг: Македонија очекува членство во НАТО

НАТО треба да ги има предвид новите безбедносни закани и геополитички аспекти и не треба да ги игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд за правда во врска со грчката блокада на членството на Македонија во Северноатланската алијанса, рекол македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Иванов му пренел на Столтенберг дека Македонија...

Формиран македонско-полски бизнис-клуб за подобра трговска соработка

Македонско-полски бизнис-клуб сe формираше во Стопанската комора за унапредување на надворешна трговска соработка помеѓу Македонија и Полска, а во насока на развивање на трговските контакти и на извозно-увозните можности. Ова тело ќе стави акцент на остварување директни контакти меѓу македонските и полските компании, за воспоставување поблиски бизнис-релации, кои би придонеле за унапредување на билатералната трговска размена. За претседател на Македонско-полскиот бизнис-клуб е избран генералниот...

Схинас: Европската комисија е таа што ги натера земјите да комуницираат за кризата

Европската комисија денеска ги отфрли обвинувањата дека не прави доволно за да се надмине недостигот од комуникација меѓу македонските, грчите и европските институции во справувањето со бегалската криза. - Да ве потсетам, дека до 25 октомври, кога Комисијата ја организираше лидерската средба за менаџирање на напливот на бегалци на балканската рута, немаше никаков воспоставен систем на комуникација меѓу земјите што се опфатени...

Груевски – Туск: Поголема координираност меѓу Македонија и ЕУ за кризата со бегалците

Премиерот Никола Груевски и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Скопје разговараа за мигрантската криза. На средбата било заклучено дека новите предизвици со кои се соочува Европа се последица на одлуките на сè поголем број земји да ги пропуштаат само бегалците и мигрантите што доаѓаат од регионите зафатени со војна, но не и економските мигранти и оти се потребни...

Попоски: За бегалците, Македонија и Грција треба да се координираат на владино ниво

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, повика координацијата меѓу Македонија и Грција по прашањето за бегалците да се крене на повисоко, владино ново. - Потребна ни е координација со Грција. Во моментов, има соработка меѓу полициските претставници, во смисла да се разменуваат информации за тоа колку лица доаѓаат од грчкото пристаниште Пиреа, информации потребни за да се подготвиме за нивни прием....

МВР: Состојбата со мигрантите на границите е редовна

Состојбата со мигрантите на северната и на јужната граница на земјата е редовна, соопштија од МВР, додавајќи дека нема вонредни настани. На јужната граница се пропуштаат само бегалците и мигрантите од Сирија, Авганистан и од Ирак, додека економските мигранти се враќаат назад. Од МВР велат дека и денеска нема поголемо задржување на северниот граничен премин Табановце и оти регистрацијата на мигрантите се...

Македонија ќе ги враќа во Грција бегалците што ќе бидат протерани од ЕУ

Македонија подигнува ограда на границата со Грција за да создаде само еден влез за бегалците и за мигрантите, а не за да ја затвори границата, изјави претседателот Ѓорге Иванов за грчкиот весник „Катимерини“. Весникот наведува дека Македонија пред неколку дена почнала со градежните работи, поради загриженоста дека илјадници мигранти ќе останат заглавени на грчката страна на границата. Иванов, за грчките новинари...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...