fbpx

Иванов му порача на Столтенберг: Македонија очекува членство во НАТО

-

НАТО треба да ги има предвид новите безбедносни закани и геополитички аспекти и не треба да ги игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд за правда во врска со грчката блокада на членството на Македонија во Северноатланската алијанса, рекол македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Иванов му пренел на Столтенберг дека Македонија очекува што поскоро да стане членка на НАТО, како и очекувањата од декемврискиот министерски состанок на Алијансата и од самитот на НАТО, закажан за следната година.

Столтенберг изјавил дека Македонија дава значаен придонес за меѓународната безбедност, дека соработката е на одлично ниво и оти се посветени да продолжат да го поддржуваат патот на земјата кон евро-атлантската интеграција, вклучувајќи членство во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.