fbpx

Обама и Оланд ги повикаа Турција и Русија да не ја ескалираат ситуацијата

-

Франција и САД ги повикаа Турција и Русија да не предизвикуваат ескалација на ситуацијата настаната откако турските сили соборија руски воен авион на границата со Сирија. Сите земји треба да работат заедно против Исламска држава, изјавија американскиот претседател, Барак Обама, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, по средбата во Вашингтон.

– Можеме само да жалиме поради уривањето на рускиот авион, но мора да спречиме каква било ескалација – рече францускиот претседател, додавајќи дека НАТО сè уште добива информации од Турција за тоа што точно се случило.

– Турција, како и секоја друга земја, има право да ја брани својата територија и својот воздушен простор – рече Обама, истакнувајќи дека нема детали за инцидентот.

Двајцата лидери повикаа на претпазливост по инцидентот, но ги повторија своите убедувања дека Русија не ја таргетира Исламска држава, туку „умерената опозиција“ во Сирија, која ја има поддршката на Турција и на САД.

Со слична порака излезе и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој, по вонредниот состанок на НАТО, свикан на барање на официјална Анкара, повика на смиреност и додаде дека сите треба да бидат претпазливи и оти веќе имало контакт меѓу Турција и Русија.

Столтенберг истакна дека Анкара и Москва мора да соработуваат за во иднина да се избегнат вакви инциденти и нагласи дека нивниот заеднички непријател е милитантната група Исламска држава.

Во меѓувреме, турските власти соопштија дека двајцата руски пилоти, кои се катапултирале откако нивниот авион беше соборен, се живи.

Претставник на турската влада, кој побарал анонимност, соопштил дека официјална Анкара се обидува да ги пронајде пилотите и да ги евакуира.

Според друг анонимен турски владин претставник, Анкара се обидува да издејствува ослободување на руските пилоти, кои, наводно, се наоѓаат во рацете на сириските бунтовници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...