четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: руски авион | 27 резултати

Во падот на рускиот авион загинаа хористите од „Ансамбл Александров“

декември 25, 2016

Руското министерство за одбрана ја објави листата на патници на авионот „ту-154“ кој со 92 патници и членови на екипажот се урна во Црното Море откако од Сочи полета кон Сирија. Во леталото имало 64 членови на официјалниот воен хор на руските вооружени сили „Ансамбл Александров“, кој требало во руската воена база Хмеимин да учествува […]

Руски воен авион со 92 патника падна во Црно Море

декември 25, 2016

Руски воен авион со 92 патника и членови на екипажот се урна на пат од Сочи кон Сирија, пренесуваат руските медиуми. Истражниот комитет на Русија веднаш отвори кривична истрага за трагедијата, а портпаролката Светлана Петренко вели дека нема информација за бројот на загинатите или преживеаните. Таа наведе дека кривична истрага е отворено поради „кршење на правилата […]

Уште еден руски авион падна во Средоземно Море

декември 5, 2016

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руски ловец „су-33“ се урнал во Средоземно Море откако излетал од бродот носач. Руските медиуми јавуваат дека причина за падот на авионот е кинење на една од сајлите што служат за сопирање на авионот. Пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето. За неполн месец ова е втор случај руски […]

Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

август 10, 2016

Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу соопшти дека пилотите кои минатата година во ноември го соборија рускиот воен авион во Сирија се уапсени поради учество во обидот за воен удар во Турција, изведен на 15 јули. – Пилотите се приведени заради нивното претпоставено учество во обидот за преврат од 15 јули, а не за инцидентот […]

Ердоган, сепак, му се извини на Путин за уривањето на рускиот авион

јуни 27, 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска упати извинување до рускиот колега, Владимир Путин, поради погубувањето на рускиот пилот. Ердоган во писмото, кое го пратил до Путин, искажал и подготвеност да се обноват односите меѓу Анкара и Москва, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. Ердоган ја нарече Русија „пријател и стратешки партнер“ на Анкара, со која турските […]

Руски воен авион се урна на Далечниот Исток

март 30, 2016

Руски борбен авион „сухој су-25“ се урна денеска на Далечниот Исток, на 70 километри од руската граница со Кина, јавуваат руските медиуми, наведувајќи дека нема повредени. Авионот паднал во близина на населено место, односно во двор, а при падот уништил два дрвени објекта. – Авионот падна во градина, а не врз куќа – изјави неименуван безбедносен […]

Давутоглу: Не наредив да се урне рускиот авион

јануари 3, 2016

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека не издал наредба турските сили на 24 ноември да го соборат рускиот авион „су-24“ кај границата со Сирија. Давутоглу за турскиот канал НТВ објасни оти не можел да даде таква наредба бидејќи рускиот авион бил само 17 секунди во турскиот воздушен простор. Сепак, турскиот премиер рече дека неколку дена […]

Египет: Нема докази дека рускиот авион е намерно урнат

декември 14, 2015

Египет досега не пронашол ништо што укажува на терористичка акција во врска со падот на рускиот патнички авион на Синај на 31 октомври, кога загинаа 224 лица, се наведува во прелиминарниот извештај за настанот. – Комисијата за техничка истрага досега не открила никаков знак за незаконско мешање или за терористички активности –  соопшти министерството за […]

Русија ја сопре изградбата на нуклеарна електрана во Турција

декември 9, 2015

Русија ги сопре работата на изградбата на нуклеарната електрана во турскиот град Мерсин. Изградбата на нуклеарната електрана во Мерсин, прв од тој вид во Турција, е стратегиски проект на двете земји, а се смета дека Русија веќе вложила речиси милион долари. Руски „Росатом“ службено ги запре работите, соопшти претставник на турското министерство за енергија. Исто […]

Путин: Турција ќе зажали за уривањето на рускиот авион

декември 3, 2015

Турција ќе зажали поради соборувањето на рускиот бомбардер во близина на сириско-турската граница, изјави рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека Москва нема да го игнорира фактот дека Анкара им „помага на терористи“. Во годишниот говор за состојбата во земјата, Путин рече дека „не треба да се применуваат двојни стандарди во борбата против тероризмот“ или […]

Авионот со телото на рускиот пилот на пат кон Москва

ноември 30, 2015

Авионот со телото на пилотот на рускиот бомбардер „су-24, кој турското воздухопловство го урна минатата недела на границата на Сирија, денеска полета од Турција во правец кон Русија. Турските борбени авиони „ф-16“ минатиот вторник го урнаа рускиот „су-24“, додека се враќал од борбена мисија на северозападот на Сирија. Турција тврди дека рускиот авион влегол во […]

Путин го потпиша декретот за воведување економски санкции кон Турција

ноември 29, 2015

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го потпишал декретот за воведување економски санкции кон Турција, како одговор на соборувањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми. Како што синоќа објавил Кремљ, санкциите предвидуваат забрана за ангажирање турски персонал во некои руски фирми, извоз на одредена стока, без да биде прецизирано каква. Исто така, […]

Русија го укинува безвизниот режим со Турција

ноември 27, 2015

Русија ќе го суспендира безвизниот режим со Турција, соопшти шефот на руската дипломатија, додавајќи дека одлуката стапува на сила на 1 јануари 2016 година. Одлуката доаѓа неколку дена откако турските воздухопловни сили урнаа руски борбен авион во близината на границата на Сирија. – Одлучивме да го суспендираме безвизниот режим меѓу Русија и Турција. Одлуката стапува […]

Лавров: Соборувањето на „су-24“ е планирана провокација

ноември 25, 2015

Москва смета дека уривањето на рускиот авион „су-24“ е планирана провокација, а не инцидент, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Рускиот министер рече дека Москва ќе ги преиспита односите со Анкара по вчерашното соборување на авионот на турско-сириската граница, но не наведе кои конкретни мерки ќе ги преземе Русија. Тој рече дека Русија […]

Меркел: Уривањето на рускиот авион ја комплицира ситуацијата

ноември 25, 2015

Соборувањето на рускиот авион, кое го извршија турските сили, го комплицира наоѓањето политичко решение во Сирија, па мора да се преземат сите мерки за да се избегне понатамошна ескалација, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел. – Секако, секоја земја има право на одбрана на својата територија, но, од друга страна, позната ни е напнатоста поради […]

Русија поставува антиракетен систем С-400 во базата во Сирија

ноември 25, 2015

Русија ќе постави систем за противракетна одбрана С-400 во својата воздухопловна база Хмеимим во Сирија, по соборувањето на нејзиниот авион на турско-сириската граница, објави денеска руското министерство за одбрана. Поставувањето на антиракетниот систем претставува комплетирање на новите безбедносни мерки што синоќа ги најави рускиот Генерал-штаб. Како што е најавено, рускиот антиракетен крстосувач „Москва“ ќе биде поставен во […]

Медведев: Анкара ја брани Исламска држава поради финансиски интереси

ноември 25, 2015

Некои турски претставници имаат „директен финансиски интерес“ од трговијата со нафта со терористичката група Исламска држава, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев, говорејќи за можните руски контрамерки против Турција поради уривањето на рускиот авион во Сирија. – Дејствата на Турција се де факто заштита на Исламска држава. Тоа не изненадува, имајќи ги предвид информациите што ги поседуваме […]

Русија ќе ги прекине воените контакти со Турција

ноември 24, 2015

Москва планира да ја суспендира воената соработка со Анкара откако турските воени сили го соборија рускиот авион на границата на Сирија, јавува „Раша тудеј“, повикувајќи се на висок претставник на Генерал-штабот на Русија. Претставникот соопштил дека се зголемени безбедносните мерки во руската воздухопловна база во Сирија. Сергеј Рудској, висок претставник на рускиот Генерал-штаб, го осуди […]

Обама и Оланд ги повикаа Турција и Русија да не ја ескалираат ситуацијата

ноември 24, 2015

Франција и САД ги повикаа Турција и Русија да не предизвикуваат ескалација на ситуацијата настаната откако турските сили соборија руски воен авион на границата со Сирија. Сите земји треба да работат заедно против Исламска држава, изјавија американскиот претседател, Барак Обама, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, по средбата во Вашингтон. – Можеме само да жалиме поради уривањето […]

Туск: Сите да останеме смирени и со ладни глави

ноември 24, 2015

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, повика на смирување на ситуацијата откако Турција, која е кандидат за членство во Европската унија, урна руски борбен авион на сириската граница. „Во овој опасен момент, по уривањето на рускиот авион, сите треба да останеме со ладни глави и смирени“, напиша поранешниот премиер на Полска на својот твитер-профил. In […]

Страна 1 од 2