fbpx

Русија ќе ги прекине воените контакти со Турција

-

Москва планира да ја суспендира воената соработка со Анкара откако турските воени сили го соборија рускиот авион на границата на Сирија, јавува „Раша тудеј“, повикувајќи се на висок претставник на Генерал-штабот на Русија.
Претставникот соопштил дека се зголемени безбедносните мерки во руската воздухопловна база во Сирија.

Сергеј Рудској, висок претставник на рускиот Генерал-штаб, го осуди нападот на рускиот авион во сирискиот воздушен простор, што го извршија турските воздухопловни сили. Тој истакна дека тоа е „тешко кршење на меѓународното право“, додавајќи дека местото на уривањето на авионот е четири километри од турската граница.

Рудској истакна дека рускиот воен авион не го нарушил турскиот воздушен простор, туку, според сириските радарски системи, турскиот воен авион навлегол во територијата на Сирија кога го нападнал рускиот бомбардер. Турскиот воен авион не се ни обидел да контактира со рускиот пилот пред да го бомбардира, додаде Рудској.

– Претпоставуваме дека нападот е извршен со ракета со мал дострел. Турскиот авион не се обидел да комуницира, ниту да воспостави визуелен контакт со нашиот екипаж, бидејќи опремата ќе го регистрираше тоа. Авионот „су-24“ е погоден со ракета над територијата на Сирија – рече Рудској.

Русија во моментов планира да воведе нови мерки за да ја зголеми безбедноста на руската воена база во Сирија, особено да ја зголеми воздухопловната безбедност. За таа цел Русија на брегот на сириската провинција Латакија ќе го распореди ракетниот крстосувач „Москва“.

– Предупредуваме дека секоја мета што претставува закана, ќе биде уништена. Сите воени контакти со Турција ќе бидат суспендирани – рече Рудској.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...