fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Европската комисија потврди: Хан ќе дојде во Скопје

Европската комисија денеска потврди дека еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе го посети Скопје во текот на месецов, но засега не открива кога ќе се случи тоа. - Јоханес Хан ќе го посети Скопје, но кога тоа точно ќе се случи, сè уште не можам да потврдат - соопшти Кетрин Реј, портпаролката на Европската комисија,. Реј, сепак, не откри детали за...

ОН: Македонија до крајот на веков ќе има половина милион жители помалку

Македонија до крајот на овој век ќе има половина милион жители помалку, се наведува во последниот Извештај за перспективите на светското население на Обединетите нации, според кој земјата е на 29. место во групата од 43 држави што се соочуваат со проблемот на депопулација. Во извештајот се наведува дека Македонија во 1950 година имала 1,2 милиони жители, а минатата година земјата...

Издадени потврди на 2.918 мигранти

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.918 странски државјани, од кои 1.108 се од машки пол, 657 се од женски, 1.137 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 16 се деца што патуваат без родител, соопшти МВР. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.178, Авганистан – 890 и на...

Загаден воздухот во Тетово, Кичево, Скопје и во Велес

Мерните станици за квалитетот на воздухот денеска покажаа дека жителите на Тетово, Кичево, Скопје и на Велес дишат загаден воздух, со високи концентрации на честичките ПМ10. Според мерењата што ги врши Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска најзагаден град во Македонија е Тетово, каде концентрацијата на честичките ПМ10 изнесува 163 микрограми на еден кубен метар, а веднаш зад него е...

Облачно со врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, проследени со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во јужните делови на земјата од ќе има врнежи од дожд и од снег. Во западните делови на земјата се очекува снежните врнежи да формираат или да ја зголемат снежната покривка за околу 25 сантиметри. Минималната температура ќе се движи од минус 5 до...

Грција: Иредентизмот на македонската влада е пречка за решавање на спорот за името

Во Грција се прогнозира 2016 година да биде година на пресврт за решавање на клучните прашања од надворешната политика. Државното радио „Атина 984“ анализира дека голем број отворени прашања како спорот за името и кипарското прашање се под голем притисок и интензивни активности за нивен напредок и за решавање. Според анализата, грчката влада покрај тешките одлуки за спроведување на меморандумот...

Температура под нулата во цела Македонија – утре се очекува снег

Температурата во сите делови на Македонија утринава беше под нулата, а најниската температура е измерена во Битола и во Берово, каде живата на термометрите се спуштила до минус 10 Целзиусови степени. Според мерењата во Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура во Лазарополе, Прилеп, Скопје, Струмица и во Тетово изнесувала минус 8 Целзиусови степени, во Демир Капија, Куманово и во Крива Паланка...

Србија нема да го поддржи македонскиот кандидат за генерален секретар на ОН

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дена кандидатите на Македонија, Црна Гора и на Хрватска за генерален секретар на ОН нема да ја имаат поддршката на Србија. - Тоа би било како да ме прашате дали би поддржале предлог од Албанија – рече Дачиќ на прес-конференција во Белград. Тој рече дека станува збор за сериозна функција и оти Србија...

„Стратфор“: На Македонија ѝ претстои бурна година

Македонската влада во 2016 година ќе мора да се справува со политички и со етнички поделената земја, со бегалската криза и со нерешениот спор за името со Грција, предвидува американската агенција за геополитички стратегии, „Стратфор“, додавајќи дека аспирациите за членството во ЕУ и понатаму ќе влијаат врз политичката ситуација во земјата, иако нема наскоро да стане членка на Унијата. „Стратфор“ оценува дека...

Чарлс Гарет: Се мешаме во македонските работи оти така функционира ЕУ

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во својот осврт за случувањата во Македонија во текот на годината, меѓу другото, даде одговор на прашањето зошто странците се мешаат во внатрешните работи на Македонија. „Одговорено накратко, тоа е начинот на кој Европа функционира. ЕУ, на која Македонците многу сакаат да ѝ се приклучат, се темели на одреден степен на заеднички суверенитет. Секоја земја-членка има одреден степен...

„Катимерини“: Привремената влада во Македонија нова можност за спорот за името

Привремената македонска влада, која треба да биде избрана на 15 јануари следната година, во Грција и понатаму се истакнува како можност за придвижување на работите во спорот за името. Весникот „Катимерини“ во анализа на состојбата во која се наоѓа отворениот спор забележува дека периодов се отвора прозорец на можности за решавање на прашањето. Според весникот, иако прашањето не е на врвот...

ВМРО-ДПМНЕ најмила консултантска фирма од САД за промоција на Груевски

Владејачката партија ВМРО - ДПМНЕ ја најмила американската консултантска агенција „Њу партнерс“, која според договорот, треба да ја промовира Македонија и претседателот на партијата и премиер Никола Груевски, пишува американскиот неделник „Пи ар вик“. Неделникот се повикува на документите објавени на интернет-страницата на Државната агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда на Соединетите Американски Држави (САД). Документот е...

Чешки полицајци ќе им помагаат на македонските во справувањето со мигрантската криза

Чешката влада планира да испрати 25 полицајци во Македонија како помош за земјава во справувањето со мигрантската криза. Ова било соопштено денеска по состанокот на земјите од Вишеградската група (В4), кој се одржа во главниот град на земјата, Прага. Како што пренесуваат чешките медиуми, доколку владата на Чешка го одобри испраќањето на полицајците, тие треба да бидат распоредени во Македонија...

Попоски утре во официјална посета на Атина

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, утре пристигнува во Атина на официјална средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас. Ова е втора посета на Попоски на Атина, по неговото учество на неформалниот состанок на министри на ЕУ и државите-кандидати за време на грчкото претседателство во 2014 година, но прва официјална посета како министер за надворешни работи на Македонија. На...

Груевски: Подготвени сме да разговараме со Грција и да се најде решение

Премиерот Никола Груевски во интервју за британскиот весник „Гардијан“, вели дека е подготвен за повторно отворање дијалог за прашањето со Грција, но доколку има некаков прифатлив предлог, тој ќе биде ставен на изјаснување на референдум. - Ние сме подготвени да разговараме, да се отвори дијалог со нив, како и да се најде некакво решение - вели Груевски во интервјуто. Во текстот, „Гардијан“...

Советот на ЕУ сериозно загрижен за состојбата во Македонија

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ денеска ги потврдија заклучоците од извештајот за напредокот на Македонија. Министрите заклучија дека препораката за почеток на преговори останува условена со изборите следната година. Во заклучоците, кои в четврток ќе се најдат пред лидерите на ЕУ, Советот на ЕУ изразува загриженост за состојбата во Македонија и се наведуваат серија забелешки и барања до...

Македонија е последна во регионот во справувањето со клиентелизмот во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор за способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички практики поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите што се однесуваат на медиумскиот пазар, беше речено на денешната конференција „Индекс на клиентелизам...

Грчкиот претседател со остри пораки до Македонија

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, испрати остра порака до Македонија дека мора да се придржува до европските принципи и право доколку сака да стане дел од европското семејство. Од Софија, по средбата со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, на само неколку дена пред пристигнувањето на шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски, во Атина, Павлопулос индиректно остро го критикуваше однесувањето на македонската...

Дачиќ до македонското МНР: Патоказот со БЈРМ ќе остане

Србија го отфрли барањето на македонското Министерство за надворешни работи да ја отстрани таблата поставена на делница на автопатот на Коридорот 10 на која стои „БЈРМ“ наместо уставното име Македонија. Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, порача дека таблата ќе остане и оти не гледа причина за реакцијата на Македонија. На автопатот кај Владичин Хан поставена е ознака „автопат Е75 –...

Жичената ограда за јужната граница Македонија ја набавила од Унгарија

Жичената ограда со која се оградени и дополнително се оградуваат делови од македонско-грчката граница, поради мигрантската криза, Македонија ја набавила од Унгарија, објави хрватската државна телевизија ХРТ. Унгарците беа првите кои подигнаа жичена ограда на својата граница за да го спречат протекот на мигранти на нивна територија, а сега, како што јавува ХРТ, бодливата жица им е еден од најголемите...

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...