fbpx

Чарлс Гарет: Се мешаме во македонските работи оти така функционира ЕУ

-

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во својот осврт за случувањата во Македонија во текот на годината, меѓу другото, даде одговор на прашањето зошто странците се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

„Одговорено накратко, тоа е начинот на кој Европа функционира. ЕУ, на која Македонците многу сакаат да ѝ се приклучат, се темели на одреден степен на заеднички суверенитет. Секоја земја-членка има одреден степен на контрола или влијание врз одлуките што влијаат врз другите земји-членки. Ако Македонија влезе во ЕУ, ќе добие влијание врз одлуките што влијаат на Велика Британија и на другите земји од ЕУ. Затоа земјите-кандидати мора да ги исполнат критериумите за членство. Велика Британија, како и другите земји-членки, сака Македонија да ги исполни критериумите и да влезе во ЕУ. Меѓународната заедница ќе ви помогне на тој пат, а тоа, исто така, значи и повремено давање искрени совети“, пишува Гарет на блог.

Амбасадорот во својот осврт го споменува бегалскиот бран, настаните во Куманово, кои, според него, се доказ за ранливоста на општеството, како и проблемот со загадувањето и акциите на невладините организации за барање одговорност за проблемот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...