петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Чарлс Гарет | 47 резултати

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

февруари 2, 2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата […]

Мицкоски – Гарет: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во реформите, ама ако се создадат услови за тоа

јануари 9, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет со кого разговарал за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси. На средбата, како што информираат од партијата, Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на […]

Гарет: За спорот со името потребни се тешки одлуки и вистинска политичка храброст

декември 24, 2017

Македонија има многу висок рид кој треба да го искачи за да добие датум за преговори до средината на следната година, претстои тешка задача но правилно е да се биде оптимист, вели амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој вели дека јасно е дека Владата е […]

Меј го покани Заев на самитот за Западен Балкан во Лондон

декември 22, 2017

Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет на денешната средба на премиерот Зоран Заев му ја предал поканата од британската премиерка, Тереза Меј за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, а во рамките на Берлинскиот процес, соопшти владината прес-служба. Меј во поканата наведува дека целта на […]

Конференција „Иднината на Берлинскиот процес“: Позитивен, но недоволно видлив

декември 1, 2017

Берлинскиот процес за четири години создаде позитивни моменти во односите на Западен Балкан со Европската Унија и донесе извесни резултати, но за да се постигне целосниот потенцијал, потребно е да се зголеми видливоста на процесот во јавноста. Ова е заклучокот од денешната конференција „Иднината на Берлинскиот процес“, организирана од Институтот за демократија „Сосиетас цивилис“, на […]

Ахмети до Гарет: ДУИ е посветена на реформите на судството и на безбедносниот систем

ноември 14, 2017

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и британскиот амбасадор Чарлс Гарет денеска во Тетово разговараа политичката ситуација, системските реформи и евроатлантските интеграции, соопштија од ДУИ. На средбата, Ахмети, ги повторил приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, односно посветеноста на системските реформи, владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство […]

Заев и амбасадорите на ЕУ и на САД разговараа за реформите на безбедносните служби

ноември 1, 2017

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вчера со евроамбасадорот Семуел Жбогар, амбасадорот на САД, Џес Бејли, на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холандија, Воутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, како и со амбасадорката на Швајцарија, Сибил […]

Шекеринска и Бартол го честитаа Денот на независноста од врвот Мусица кај Крушево

септември 8, 2017

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, денеска од врвот Мусица на Бушева Планина им го честитаа 8 Септември, Денот на независноста, на сите граѓани на Република Македонија. Придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото Кралство, Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите […]

Груевски го информирал Гарет за партизација на институциите од страна на власта

јули 26, 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го истакнал значењето на брзото зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во таа насока. На средбата било разговарано за повеќе […]

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

јули 19, 2017

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија. „Обединетото Кралство е значаен економски […]

Димитров и Гарет разговарале за реформските приоритети

јуни 23, 2017

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, со кого разговарал за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на новата реформска влада, со акцент на силната определба за зацврстување на владеењето на правото и на демократијата во земјата. Димитров и Гарет разговарале и за имплементирањето на итните реформски […]

Меј до Заев: Новата Влада отвора пат за напредок на Република Македонија

јуни 14, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, на која британскиот амбасадор ја поздравил определбата на новата Влада кон реформските процеси, како и конструктивните и инклузивни политики. Гарет, во име на британската премиерка Тереза Меј му врачи и честитка на премиерот Заев, за неговото стапување на должност претседател на Владата […]

Амбасадорите на Ахмети му ја потврдиле поддршката за формирање на новата влада

мај 3, 2017

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица остварил средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холaндија, Ваутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, и со Марко Акватичи, од aмбасадата на Германија, соопшти партијата. „На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот од парламентарното мнозинство […]

Груевски на амбасадорите им рекол дека изборите се најбрз начин за излез од кризата

април 25, 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп, разговарал за актуелната политичка состојба, за позициите и за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзино надминување. На средбата, на која присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Никола […]

Гарет: Излезот од политичката криза е во владеењето на правото

март 31, 2017

Независно и ефикасно судство во заштита на правата и на слободите на граѓаните беше темата на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ и од Здружението на судии на Македонија, што се одржа денеска во Скопје, а по повод „Денот на судството“. Околу 100 судии и високи судски претставници разменија мислења за важната улога на судството […]

ВМРО-ДПМНЕ до Данкан: Ќе има тензија, нашите гласачи и членството се вознемирени

февруари 23, 2017

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на принципот ‘победникот со победникот’, затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас. Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги задржиме […]

Амбасадорот Гарет го поддржа формирањето на Клубот на одговорни бизниси

февруари 10, 2017

Претставници на педесетина домашни компании формираа Клуб на одговорни бизниси, а членувањето во клубот ќе им овозможи здружено, во партнерство со граѓанскиот сектор и со институциите, да дадат посилен одговор и за најголемите општествени предизвици. „Ваквиот начин на здружување и на партнерство на бизнисот со граѓанскиот сектор во Британија се практикува веќе 30 години. Водејќи […]

Гарет: Предвидувањата за Македонија во 2027 ми беа намерно нереални – како „Ла ла ленд“

јануари 26, 2017

Во време на политичка криза, потребно е да се има стратешка визија, оцени британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот „блог“, одговарајќи на реакциите на неговите предвидувања во рамки на кампањата на Амбасадата на Велика Британија „Македонија 2027“. Гарет денеска појасни дека неговите предвидувања, дека Македонија за 10 години ќе биде успешна европска земја, лидер на […]

Јанкулоска се подбива со предвидувањата на Гарет за Македонија во 2027 година

јануари 19, 2017

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, преку објава  на „Твитер“, со подбив ги искоментира предвидувањата на актуелниот британски амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, за тоа каде ја гледа земјава за 10 години. Јанкулоска ја ретвитна англиската верзија од текстот на „Мета“ за оптимистичките предвидувања на британскиот амбасадор за Македонија, […]

Гарет: Македонија во 2027 година ќе има жена премиер и ќе биде во ЕУ и во НАТО

јануари 18, 2017

Британската амбасада во Скопје преку социјалната мрежа „Фејсбук“ почна кампања насловена „Македонија 2027“, преку која сака да слушне од граѓаните каде ја гледаат земјата за десет години, што би сакале земјата да постигне. Свој поглед на иднината на Македонија, прв даде британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, кој предвидувањата ги претстави преку личниот дневник, напишан „на 26 август […]

Страна 1 од 3