вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Чарлс Гарет | 47 резултати

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

ноември 8, 2016

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и демократски и во изборната кампања политичарите да не водат валкани […]

Гарет: И обвинети лица може да се кандидираат во некои земји

ноември 8, 2016

Во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“. – Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Во некои демократии […]

Гарет: Со блокади на СЈО нема одржлива разврска на политичката криза

октомври 20, 2016

Никој не треба да им застанува на патот на истрагите на Специјалното јавно обвинителство бидејќи во спротивно нема да има одржлива разврска на политичката криза, вели амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, во својот коментар за истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Гарет, без да коментира конкретни детали од […]

Гарет: Политичката криза не може да се реши преку ноќ

октомври 11, 2016

Политичката криза во Македонија е длабока и комплексна, таа произлегува од проблемите во функционирањето на демократијата и владеењето на правото и како таква не може да се реши преку ноќ, оценува британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, во интервју за „Призма“. „Ќе бидат потребни месеци, а можеби и години за да се средат работите. Изборите […]

Честитка од британската кралица Елизабета Втора за Денот на независноста

септември 8, 2016

Кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, денеска упати честитка до претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. ­„Ми причинува огромно задоволство да Ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и за напредок на народот на Македонија […]

„Сега шу праиме?!?“, му твитна Јанкулоска на британскиот амбасадор Гарет

јуни 24, 2016

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска преку свои објави на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ се потсмева со одлуката на Велика Битанија за излегување од Европската Унија. „Сега Шу праиме?!?“, му твитна таа на амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет. Сега Шу праиме?!? @BritAmbCGarrett — Gordana […]

Гарет: За еднаквост пред законот потребно е целосно поништување на аболицијата

мај 29, 2016

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот профил на „Твитер“ напиша дека за да бидат сите еднакви пред законот, потребно е поништување на аболицијата за сите 56 лица.   За еднаквост пред законот, потребно е 56/56. #помилување — Charles Garrett (@BritAmbCGarrett) May 29, 2016 Поддршка за целосно, а не парцијално поништување на аболицијата дадоа и Европската унија и […]

Заев до Гарет: Разговори со Груевски нема да има додека не се повлече аболицијата

мај 23, 2016

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет со кого разговарал за политичка криза по одлуките за парцијална аболиција и укинување на техничката Влада. Претседателот Заев го информирал британскиот амбасадор дека разговори со Груевски за организација и спроведување избори […]

Сите реакции на странците за кризата на едно место

мај 20, 2016

Меѓународната заедница овие два дена ја поздрави одлуката на Уставниот суд за замрзнување на изборите и изборната кампања, но повика следниот чекор да биде целосно укинување на аболицијата. Ова се сите реакции по одлуката на Судот: Амбасада на САД во Македонија Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и евокомесарот за проширување Јоханес Хан […]

Гарет: Договорот од Пржино не е мртов и закопан

мај 18, 2016

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет вечерва на „Твитер“ напиша дека Договорот од Пржино не е мртов. „Не, Пржино не е мртов и закопан. Се уште е вистинска рамка за одржливо решение“, напиша Гарет. No, Przino is not dead&buried. Still right framework for sustainable resolution. @revolucionersk @AmbBaily @AmbassadorEU @JHahnEU — Charles Garrett (@BritAmbCGarrett) May 18, 2016 Реакцијата […]

Гарет: Политичките лидери треба итно да се договорат

мај 11, 2016

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на својот твитер-профил вели дека итно е потребно политичарите да се договорат и да ја решат политичката криза. „Пролонгираната несигурност за тоа како политичките лидери ќе ја решат политичката криза, останува да биде голема загриженост за социјалната, безбедносната и за економската добросостојба на земјата. Политичките лидери треба итно да се […]

Гарет: Сè уште се можни избори на 5 јуни

март 22, 2016

Од прочистувањето на избирачкиот список зависи успешноста на спроведувањето на изборите, порача од Штип британскиот амбасадор, Чарлс Гарет. Амбасадорот очекува партиите заедно да работат и да го осигураат спроведувањето на фер и регуларни избори. – Верувам дека изборите сè уште се можни на 5 јуни, но за да се завршат сите обврски, потребно е државата […]

Спасовски ги информирал амбасадорите Меклеон и Гарет за изборниот процес

март 8, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Обединетото Кралство во ОБСЕ, амбасадорот Сијан Меклеод, и со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и на Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет. Како што се наведува во соопштението, Спасовски на средбата рекол дека меѓусебната соработка е исклучително […]

„Метаморфозис“ промовираше четири веб-апликации со отворени податоци

март 1, 2016

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска промовираше четири веб-апликации како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“. Граѓанската организација „ИКТ за промени“ направи апликација за истражување на јавните набавки, Институтот за развој на руралните заедници промовираше апликација за директни плаќања во земјоделството преку ИПАРД, „Зип институт“ презентираше апликација за известување за […]

Британскиот амбасадор изненаден: Што е ова со амнестијата за изборни измами?

февруари 25, 2016

Само што слета во Скопје, по средбата во Лондон со министерот за Европа, Дејвид Лидингтон, британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со слика од скопскиот аеродром „твитна“ прашање: „Што се овие информации за активирање на амнестијата за изборни измами?“ Return from London meeting with Europe Min @DLidington. What's this news about enabling pardons for electoral […]

Прирачник на МИМ и на МРТВ за медиумско покривање на изборите

јануари 27, 2016

Македонскиот институт за медиуми и Македонската радиотелевизија подготвија прирачник за новинари „Етички и професионални принципи на МРТ за медиумското покривање изборни процеси“, кој содржи 10 принципи за непристрасно и независно информирање. Следната недела, претставници од јавниот сервис на Британија, „Би-Би-Си“, ќе ги учат новинарите од МРТ како да известуваат балансирано за време на изборите. Британскиот […]

Гарет за медиумските реформи: На чело на „Би-Би-Си“ се луѓе што ги оставаат политичките ставови дома

јануари 27, 2016

Во „Би-Би-Си“ на чело се луѓе што се одбрани според вештините и стручноста и од нив бараме да ги остават политичките ставови дома, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет, како коментар на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонската радиотелевизија да има два уредника, еден од власта, еден од опозицијата. – Во британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ и во другите […]

Македонија станува значаен центар за британската ИТ-компанија „Ендава“

јануари 22, 2016

Македонија станува значаен центар за приватната компанија за ИТ-услуги „Ендава“, во значајни проекти за германски телеком-компании, осигурителни клиенти во Обединетото Кралство, компании за наплата во Велика Британија, како и образовни институции во истата земја, но и тела за спорт во Швајцарија. Центарот во Скопје има 100 вработени, кои исто така за клиентите на „Ендава“ испорачуваат и […]

Чарлс Гарет: Се мешаме во македонските работи оти така функционира ЕУ

декември 29, 2015

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во својот осврт за случувањата во Македонија во текот на годината, меѓу другото, даде одговор на прашањето зошто странците се мешаат во внатрешните работи на Македонија. „Одговорено накратко, тоа е начинот на кој Европа функционира. ЕУ, на која Македонците многу сакаат да ѝ се приклучат, се темели на одреден степен на заеднички суверенитет. […]

Величковски: Политичката криза не се решава само со правна рамка

декември 17, 2015

Политичката криза не се решава само со правна рамка, еднакво како што незрелоста на политичките лидери во земјата не може да биде алиментирана од грижата на меѓународната заедница за политичката криза да не прерасне во безбедносен предизвик, изјавил претседателот на Либералната партија (ЛП), Ивон Величковски, на денешната средба со амбасадорот на Велика Британија во Скопје, […]

Страна 2 од 3