fbpx

„Метаморфозис“ промовираше четири веб-апликации со отворени податоци

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска промовираше четири веб-апликации како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“.

Граѓанската организација „ИКТ за промени“ направи апликација за истражување на јавните набавки, Институтот за развој на руралните заедници промовираше апликација за директни плаќања во земјоделството преку ИПАРД, „Зип институт“ презентираше апликација за известување за услугите на угостителските објекти, а коалицијата „Сите за правично судење“ промовираше апликација за резултати од набљудувањето на судството во Македонија во текот на една деценија.

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, рече дека отворените податоци се нова област која има директно влијание врз граѓаните, но дека треба дополнително да се истражува.

– Отворените податоци имаат директно влијание на одлуките што луѓето секојдневно ги прават и тоа на значителен начин. Овие апликации кои денеска беа промовирани преку овој проект ќе го променат животот на луѓето. Многу сум задоволен од резултатите што ги постигнаа тимовите – рече Гарет.

Бардил Јашари, директор на Фондацијата „Метаморфозис“, вели дека преку отворените податоци ќе се зајакне довербата помеѓу граѓаните и институциите, а тоа ќе придонесе да се зајакне демократијата.

– Овој проект придонесува директно во остварувањето на мисијата на „Метаморфозис“, а тоа е поддршка и придонес во подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните. Овие четири апликации го прават токму тоа. Тој е многу важен во услови кога довербата кон државните институции е на многу ниско ниво. Проектот придонесува преку отварање на тие институции, да се зајакне довербата на граѓаните  – рече Јашари.

Проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, Фондацијата „Метаморфозис“ го спроведува во соработка со Фондацијата „Отворено знаење“ (Open Knowledge Foundation) и со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...