fbpx

Гарет: Политичките лидери треба итно да се договорат

-

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на својот твитер-профил вели дека итно е потребно политичарите да се договорат и да ја решат политичката криза.

„Пролонгираната несигурност за тоа како политичките лидери ќе ја решат политичката криза, останува да биде голема загриженост за социјалната, безбедносната и за економската добросостојба на земјата. Политичките лидери треба итно да се договорат и да најдат веродостоен начин како да продолжат понатаму. Договореното треба да биде навистина сигурно и одржливо и треба да го реши претседателското помилување на начин на кој ќе се заштити владеењето на правото. Тоа вклучува обезбедување правна одговорност за сите граѓани“, вели Гарет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...