fbpx

Спасовски ги информирал амбасадорите Меклеон и Гарет за изборниот процес

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Обединетото Кралство во ОБСЕ, амбасадорот Сијан Меклеод, и со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и на Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет.

Како што се наведува во соопштението, Спасовски на средбата рекол дека меѓусебната соработка е исклучително важна и изразил благодарност за ангажманот на ОБСЕ, илустрирајќи ја со неколку особено важни досега спроведени заеднички проекти.

Министерот ја нагласил убеденоста во успешното продолжување на соработката, особено за понатамошната поддршка на зајакнувањето на независноста и демократизација на институциите.

Амбасадорот Гарет изразил интерес за ставовите на министерот околу подготовките за изборниот процес, времето кое е потребно да се отстранат неправилностите во избирачкиот список, а побара и мислење во однос на безбедносната состојба по случувањата во скопската општина Бутел.

Амбасадорот, како што велат од МВР, бил запознаен дека министерството ја дава сета помош и поддршка на Државната изборна комисија околу подготовките на изборниот процес.

Министерот Спасовски рекол дека ќе биде сторено сè за да се одржат фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...