fbpx

Грција: Иредентизмот на македонската влада е пречка за решавање на спорот за името

-

Во Грција се прогнозира 2016 година да биде година на пресврт за решавање на клучните прашања од надворешната политика. Државното радио „Атина 984“ анализира дека голем број отворени прашања како спорот за името и кипарското прашање се под голем притисок и интензивни активности за нивен напредок и за решавање.

Според анализата, грчката влада покрај тешките одлуки за спроведување на меморандумот со мерки за штедење, ќе се најде и пред предизвикот да носи тешки одлуки во врска со националните прашања.

Што се однесува до спорот за името, во Грција преовладува ставот дека Атина иницира соработка и добрососедство преку мерките за градење доверба, меѓутоа инсистира дека на патот до решение за името стои пречката наречена македонски иредентизам.

Во анализата на радиото се забележува дека и покрај добрата клима што владеела на средбата на двајцата шефови на дипломатијата, Никола Попоски и Никос Коѕиас во Атина, сепак неколку дена подоцна во Македонија одново почнала владина кампања со иредентистички изјави, каде се споменува обединување на Македонија со егејскиот дел.

„Грчката дипломатија смета дека не името, туку иредентизмот е важната тема која внесува отров во грчко-скопските врски, воден од историски тешкото име Македонија. Поради ова Коѕиас забележува дека се бара искрен компромис, со кој ќе се бори против иредентизмот и радикалниот национализам“, се вели во анализата на „Радио Атина 984“.

Македонскиот иредентизам како проблем што ги кочи македонско-грчките врски го истакнува и левичарскиот весник близок до СИРИЗА, „Авги“, а на таа тема при новогодишното обраќање говореше и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, коментирајќи дека македонските црвени линии се косат со историјата и отвораат прашања за промена на грчките граници.

– Ако ПЈРМ сака да биде примена во Европската унија и во НАТО, врз основа на европското и на меѓународното право, несфатливо е да бара име кое, покрај тоа што ја фалсификува драстично историјата, е исполнето и со иредентизам и покрева прашања како менување на границите и измислување на целосно неточни национални малцинства – истакна Павлопулос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...