среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Прокопис Павлопулос | 28 резултати

Павлопулос: Македонија била, е и ќе остане грчка

октомври 27, 2017

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, во говор во Офицерскиот клуб во Солун, повторно ја обвини Македонија за фалсификување на историјата, за користење име кое, наводно, не ѝ припаѓа и за изразување иредентистички тензии, и притоа не пропушти да спомене дека Македонија била, е и ќе остане грчка. – Ѝ велиме на БЈРМ – подаваме рака на пријателство, но […]

Грчкиот претседател ѝ се закани на Албанија со блокада на евроинтеграциските напори

октомври 15, 2017

Грчкиот претседател Прокопис Павлопоулос денеска ѝ се закани на Албанија дека ќе бидат блокирани евроинтеграциските напори на оваа земја поради забелешките на грчкото малцинство во однос на власта во приморското гратче Химара. Тој на собирот одржан на островот Крф, на меморијален настан во чест на грчкиот политичар Јоанис Каподистриас, порачал дека „брутално кршење на човековите […]

Павлопулос: Грција мора да го брани Кипар

август 24, 2017

Грција мора да го брани Кипар и неговиот суверенитет, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопуос. -Се што правиме за Кипар, не го правиме само за земјата туку затоа што таа е членка на Европска Унија – рече Павлопулос на вечера во манастирот Агион Дионисиос на островот Закинтос на која присуствувал и кипарскиот архиепископ. Намалувањето на кипарскиот […]

Бугарија и Грција до Македонија: Ако сакате во ЕУ и во НАТО, почитувајте ја историјата

јуни 24, 2017

Земјите од Балканот мора да ја почитуваат историјата и да развиваат добрососедство, доколку сакаат да влезат во Европската Унија и во НАТО, заклучија бугарскиот претседател Румен Радев и неговиот грчки колега, Прокопис Павлопулос, на нивната вчерашна средба во Атина. Посетата на Радев на Атина доаѓа во време кога се зголемува фокусот за проширување на ЕУ […]

Димитров во дводневна посета на Грција

јуни 14, 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, од денеска е во дводневна официјална посета на Грција. Како што соопштија од македонското МНР, Димитров ќе има средби со министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, а предвидена е и средба со Јоргос Кумуцакос, висок претставник на најголемата грчка опозициска партија, Нова демоктратија. Спорот за […]

Павлопулос бара почитување на грчката историја и на европските принципи

мај 11, 2017

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, одново побара Македонија да ја почитува грчката историја ако сака да стане дел од Европската Унија. Во говор на 11. Балканска конференција на началници на Генералштабови од државите од Балканот, Павлопулос забележа дека Грција ја поддржува европската перспектива на државите од Балканот и смета дека нивното место е во ЕУ, но […]

Нема членство во ЕУ за Македонија сè додека се однесува иредентистички, порача Павлопулос

март 25, 2017

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, им порача на македонските политичари дека сè додека се покажуваат иредентистички тенденции, Македонија нема да има европска иднина. Павлопулос ова го нагласи во неговата порака до народот на денешното одбележување на денот на независноста на Грција, без директно да го спомене името на Македонија. Според грчкиот претседател, иредентистичките тенденции и инсистирањето на […]

Павлопулос: Нема влез на БЈРМ во ЕУ сè додека се инсистира на името „Македонија“

март 4, 2017

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Серес испрати нова порака дека Македонија е грчка и колку побргу тој факт го прифатат македонските политичари, толку побргу ќе се подобри политичката клима меѓу двете држави. Павлопулос отворено спомена дека рампата за влез во Европската Унија за Македонија ќе остане затворена сè додека се инсистира да се користи името […]

МНР: Павлопулос да нè посети и да се запознае со постоењето на македонскиот народ

јануари 13, 2017

„Секоја земја и нејзиниот народ имаат неприкосновено право на самоопределување и суверено да одлучуваат за своето именување и идентитет. Провокација и неприфаќање на реалноста е кога одредени политичари не можат да се соочат со тој факт. Истото е во спротивност на општоприфатените меѓународни принципи и на вредностите на европската интеграција“, се вели во реакцијата на […]

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на Павлопулос за името на државата

јануари 13, 2017

Во отсуство на реакција на опозицијата и на државните институции, ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува изјавата на грчкиот претседател поврзана со името на нашата држава, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. – Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно […]

Павлопулос: Инсистирањето на името „Македонија“ е фалсификување на грчката историја

јануари 13, 2017

Македонија нема да стане дел од европското семејство сè додека инсистира да го користи само тоа име и да шири иредентизам, порача грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, во говор пред грчката Академија за одбрана. Според Павлопулос, ставот на Македонија да се инсистира името да биде само „Македонија“, е „провокација и фалсификување на грчката историја“. – Сè […]

Павлопулос: Ветото за членство на Македонија во ЕУ не е грчка, туку европска позиција

декември 4, 2016

Македонија мора да знае дека за да стане дел од европското семејство не смее да покажува иредентистички ставови кон друга држава, порачува грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Павлопулос отворено посочи дека Грција има право на вето за нашето ЕУ-членство доколку македонската влада продолжи да го прекршува европското право преку […]

Обама беше дезинформиран за Македонија од Павлопулос

ноември 15, 2016

Македонија беше една од темите за кои разговараа американскиот претседател Барак Обама и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Грчкиот претседател пред Обама ги повтори своите ставови и обвинувања кон македонската влада, критикувајќи за ја обид за присвојување на грчката историја. – Факт е дека една соседна држава бара име кое освен фалсификување на историјата, шири иредентизам […]

Павлопулос од Костур ѝ порача на Македонија да не ја имитира грчката историја

ноември 12, 2016

Нова порака за македонските власти да престанат да ја фалсификуваат грчката историја упати претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, од Костур. Павлопулос во говорот по повод годишнината од ослободувањето на градот, директно се обрати до македонските власти и апелираше да стават крај на обидот за фалсификување и за имитирање на грчката историја, бидејќи таа насока во […]

Павлопулос: Грчкиот карактер на Македонија не може да се оспори и за него не се преговара

октомври 26, 2016

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно од Солун настапи со радикален став дека Македонија е само грчка, третпат во рок од една недела. На годишнината од ослободувањето на градот и на прославата за светецот заштитник, Павлопулос отворено порача дека Солун е „чуварот на грчкиот карактер на Македонија“, кој не може да се оспори и за кој не […]

Павлопулос продолжува со радикалните пораки за Македонија, овојпат од Солун

октомври 23, 2016

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, вторпат неделава, овојпат од Солун, испрати порака дека Македонија е една и грчка и дека тој ќе направи сè што е во негова надлежност да го заштити грчкиот карактер на Македонија и нејзиниот територијален интегритет. Павлопулос рече дека Грција сака да има добри и пријателски односи со Македонија, но никој нема […]

Попоски до Павлопулос: Испочитувајте ја пресудата од Меѓународниот суд, па зборувајте за право

октомври 19, 2016

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, ѝ порача на Грција дека треба ја спроведе пресудата на Меѓуродниот суд на правдата, па потоа да говори за почитување на европското и на меѓународното право. – За воопшто да се говори за почитување на европското право од грчка страна, за почеток е добро да се удостои пресудата од […]

СДСМ: Непримерни се изјавите на грчкиот претседател Павлополус

мај 9, 2016

Грчките политичари со изјави како таа на претседателот Павлополус, потврдуваат дека наместо фокусирање на политиката на 21 век, којашто подразбира интегрирање, дијалог и меѓусебно почитување, сè уште живеат во минатото, велат од СДСМ. „Ваквите ставови на грчките политичари не одат во насока на подобрување на односите на Република Македонија со Република Грција. Очигледно дека Грција […]

Павлопулос: Грчкото вето за влез во НАТО и во ЕУ останува

мај 9, 2016

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изјави дека Грција не планира да го поништи ветото за Македонија за влез во ЕУ и за НАТО сè додека не се реши спорот за името. Павлопулос, за време на посетата на гробовите на Античка Македонија, во близина на северниот грчки град Негуш, истакна дека тие што го оспоруваат грчкиот идентитет на Македонија не […]

Павлопулос: Со односот кон бегалците, Македонија не заслужува да е во ЕУ и во НАТО

април 11, 2016

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, остро ги осуди инцидентите на Идомени и оцени дека со насилниот однос кон бегалците, Македонија покажала дека не заслужува да биде членка ниту на ЕУ ниту на НАТО. Павлопулос на денешната средба со португалскиот премиер Антонио Коста говореше за начините на кои ЕУ треба да се справи со бегалската криза и […]

Страна 1 од 2