ОН: Македонија до крајот на веков ќе има половина милион жители помалку

-

Македонија до крајот на овој век ќе има половина милион жители помалку, се наведува во последниот Извештај за перспективите на светското население на Обединетите нации, според кој земјата е на 29. место во групата од 43 држави што се соочуваат со проблемот на депопулација.

Во извештајот се наведува дека Македонија во 1950 година имала 1,2 милиони жители, а минатата година земјата имала околу 2.078.000 жители. Се проценува дека оваа бројка ќе се задржи и во 2030 година, но оти дваесет години подоцна, односно во 2050 година македонското население ќе се намали за 141.000 жители, или за 6,8 отсто помалку од 2015 година.

Според процените на ОН, во 2050 година Македонија ќе има 1,9 милиони жители, а на крајот на векот само 1,48 милиони.

Обединетите нации, исто така, проценуваат дека и другите земји од Западен Балкан ќе имаат помалку жители кон крајот на векот. Според нивните прогнози, Босна и Херцеговина која во моментов има 3,81 милиони жители во 2100 година ќе има 1,91 милиони, а Албанија од сегашните 2,89 милиони во 2100 година ќе има само 1,75 милиони население. Населението ќе се намали и во Хрватска, и тоа од сегашните 4,24 милиони на 2,61 милиони жители, додека во Црна Гора во 2100 година ќе живеат 437.000 жители, наспроти сегашните 626.000.

Опаѓање на бројот на населението ќе биде забележано и во Словенија, каде во 2100 година ќе има 1,69 милиони население, наспроти сегашните 2,06 милиони, додека во Србија од сегашните 8,58 милиони во 2100 година ќе има 5,33 милиони.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...