fbpx

Саудиска Арабија: Иран е бесрамна земја која поддржува тероризам

-

Официјален Ријад го нарече Иран „бесрамна земја“, која го поддржува тероризмот и работи против стабилноста во регионот.

Реакцијата на Саудиска Арабија доаѓа откако во Техеран се одржаа насилни протести против егзекуцијата на шиитскиот духовен лидер Нимр Бакер ал Нимр, при кои беше извршен упад во саудиската амбасада.

– Иранскиот режим е последниот режим во светот, кој може да обвинува други земји за поддршка на тероризмот и покрај тоа што тој самиот го поддржува тероризмот и од таа причина беше прекоруван од Обединетите нации и од голем број земји – изјави портпаролот на саудиското МНР, додавајќи дека е срамно Техеран да говори за човековите права кога минатата година егзекутирал стотици Иранци без јасна правна рамка.

Ријад во меѓувреме го повикал иранскиот амбасадор за да му врачи протестна нота поради „агресивните реакции на Техеран во врска со егзекуцијата на шиитскиот верски лидер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...