Грција ги негира тврдењата за исклучување од шенгенската зона и за одбиена соработка со Фронтекс

-

Грција остро реагира во врска со информациите дека Европската комисија (ЕК) размислува за нејзино исклучување од шенген- зоната поради проблемот со справување со бегалците.

Министерот за внатрешни работи, Јанис Музалас, на денешната средба со новинарите истакна дека овие информации доаѓаат како предлози и притисоци од држави како Унгарија, меѓутоа не се официјален став, ниту размислување на ЕК.

Музалас призна дека постојат вакви предлози за грчко исклучување од шенгенската зона на две години, кои се доставени во писмена форма до Европската унија (ЕУ) од некои нејзини членки, меѓутоа беше дециден дека ЕУ ќе ги отфрли овие барања. Грчкиот министер, сепак, објасни дека работите за кои државите како Унгарија ја обвинуваат Грција не се целосно точни бидејќи Грција не тапка во место околу ситуацијата со бегалците. Посочи дека веќе се завршени два прифатни центри на Лезбос и на Хиос, а други два, на Кос и на Лерос, ќе се готови до крајот на годината. Доцни изградбата на центар во Самос бидејќи сè уште не е најден соодветен простор.

Музалас посочи дека денеска побарале од ЕУ донации на возила за брза помош, камиони, гориво, големи шатори, ќебиња и контејнери, бидејќи се готови подготовките на центрите за прифаќање на бегалците и на мигрантите.

Што се однесува до бегалците што се заглавени на Идомени, Музалас истакна дека луѓето кои не се пропуштаат ќе продолжат да се враќаат во Атина со посебни возови и да се сместуваат во соодветни центри за мигранти, од каде потоа ќе може да поднесат барања за азил. Министерот, сепак, јасно истакна дека клучниот проблем не е границата со Македонија, туку границата со Турција од каде доаѓаат бегалците.

„Од минатиот јули побаравме поголема помош и контрола од специјалните единици на европските сили „Рабитс“ (Rabits) за контрола на морската граница, но немаме добиено помош од нив. Не ни треба поголема контрола на границата со БЈРМ, туку на морската граница“, посочи министерот.

За обвинувањата дека Грција не прифаќа помош од Фронтекс, Музалас истакна дека не се целосно веродостојни, бидејќи иако имаат одбиено помош за контрола на македонско-грчката граница, сепак побарале помош за други области и немаат добиено ни десетина од работите што ги бараат. Поконкретно, посочи дека не е точна информацијата дека Грција има добиено 400 машини за отпечатоци за подобро евидентирање на бегалците и на мигрантите што влегуваат во државата.

„Побаравме 100 и ни испорачаа само 48 машини, од кои 12 се од Германија. Имаме одлична соработка со Фронтекс. Побаравме 318 претставници од Фронтекс, меѓутоа имаме на располагање само 40 секој месец, кои работат во две смени, во споредба со нашите полицајци кои работат во текот на целиот ден“, истакна Музалас.

Проблемите со кои се соочува Грција во моментов се враќање на дел од мигрантите дома, бидејќи иако ги испраќаат назад во држави како Турција и Пакистан, тамошните власти не сакаат да ги прифатат сите и дел од нив повторно ги враќаат во Грција.

М.П.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...