Претседателот Иванов на Самитот на ОН за климатските промени во Париз

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на отворањето на 21. Самит за климатски промени (COP21), што се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов.

Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на самитот, кој свечено ќе биде отворен од претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд, и од генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун.

Во рамки на самитот, македонскиот претседател ќе присуствува и на работниот ручек, кој го приредуваат францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус.

На парискиот самит за климатски промени се очекува првпат по 20 години преговори во ОН, да се усвои правно обврзувачки меѓународен договор за борба против климатските промени, чија цел e глобалното затоплување да не биде поголемо од 2 Целзиусови степени.

Своето учество на Самитот го потврдија околу 150 шефови на држави и влади од целиот свет, меѓу кои и претседателите и премиерите на САД, Кина, Русија, Турција, Јапонија, Германија, Велика Британија, Индија, како и високи претставници на Европската унија, ОН и на други меѓународни организации.

„Република Македонија е земја-потписник на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и на Протоколот од Кјото. Воедно, Република Македонија има пристапено кон Записот од Копенхаген и доставено листа на неквантифицирани активности за ублажување на климатските промени“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Во него се додава дека во пресрет на Конференцијата во Париз, во кабинетот на претседателот се одржала седница на Националниот совет за одржлив развој, на која Иванов порачал дека „Македонија се залага за усвојување меѓународен, научно издржан и правно обврзувачки климатски договор, што ќе биде применлив за сите земји, односно договор кој ќе содржи конкретни активности за ублажување на последиците од климатските промени и адаптација кон климатските промени“.

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија,...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на...