fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Гостиварец осомничен дека пијан предизвикал пожар во куќа

Дваесет и осумгодишен гостиварец бил осомничен дека во алкохолизрана состојба предизвикал пожар во куќа, која целосно изгорела. Како што информираат од полицијата, осомничениот Г.Џ. (28) се товари за предизвикување општа опасност. Тој, на 12 август минатата година, околу 2.30 часот, на улицата Никола Парапунов во Гостивар, под дејство на алкохол предизвикал пожар, во кој целосно изгорела куќа, информираат од полицијата.

74-годишен чегранец со тупаници делел правда пред гостиварскиот суд

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против А.З. (74) од селото Чегране, кој се товари дека натепал жител на Здуње пред Основниот суд во Гостивар, соопшти полицијата. Инцидентот, како што информираат оттаму, се случил кон средината на февруари годинава, на улицата Живко Брајковски, пред Основниот суд во Гостивар, кога осомничениот поради судски спор, физички го нападнал жителот на Здуње и му...

Ангелов му поднесе кривична на Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации

Стојанче Ангелов денеска до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајкоски, за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис, пренесува „Нова ТВ“. Генералот Ангелов, кој изминатите десетина дена ги предводи протестите пред МРТ, на кои тој и граѓаните бараат јавниот сервис да ги емитува прес-конференциите на...

Стојанче Ангелов ќе поднесе кривична пријава против Диме Ратајковски

Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски. Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат снимки од...

Петмина прилепчани осомничени за серија тешки кражби

Струмичката полиција поднела кривични пријави против петмина прилепчани, кои се товарат дека извршиле два обиди за тешка кражба и една тешка кражба во станови во Струмица и во Гевгелија, соопшти полицијата. Станува збор за А.Р. (20), М.Ј. (28), Ж.Б. (45), Г.Ј. (36) и за Н.Т. (27), на кои судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од осум дена. Првоосомничениот, како што...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Битола го копира деструктивното однесување на Заев

СДСМ во Битола, во отсуство на идеја за конструктивни решенија и програма, само го копираат деструктивното однесување на претседателот на партијата, Зоран Заев, смета Игор Хаџиевски, секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Битола, по денешната пријава од битолскиот разгранок на СДСМ за градоначалникот Владимир Талески. „ВМРО-ДПМНЕ се залага за целосно и неселективно почитување на Уставот, законите и на институциите, пред кои сите, без...

Опозицијата поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник

Битолската опозиција денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески. Лидерот на битолските социјалдемократи и пратеник, Васко Ковачевски, рече дека кривичната пријава ги содржи сите наводи кои стојат во разговорот од снимките, објавени од СДСМ, меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. - Во своето признание, Ставрески го нарекува...

Поднесена кривична пријава за палењето на продавницата во селото Ореше

Велешката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Ореше, осомничен дека завчера вечерта ги запалил продавницата и автомобилот, марка „бе-ем-ве“, сопственост на Ѓ.Ѓ. (51) од селото. Како што информираат од полицијата, станува збор за Ѓ.П. (46) од селото, кој, според пријавата, се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Неофицијално, осомничениот е Ѓоре Петровски, осуден на 13 години затвор во...

Кривична за стружанец затоа што ја тепал свршеницата

Струшката полиција поднела кривична пријава против Г.А. (42), осомничен дека на почетокот на овој месец, во алкохолизирана состојба, ја нападнал својата свршеница, информираат од полицијата. Според пријавата, стружанецот се товари за телесна повреда при вршење семејно насилство. Како што информираат од полицијата, осомничениот на 7 март во алкохолизирана состојба првин почнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал својата свршеничка....

Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Сачевалиев

Лидерот на опозцијата, Зоран Заев, денеска преку својот адвокат Ване Андреев до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмчкиот бизнисмен Иво Николов-Сачевалиев, за лажно пријавување и за нудење поткуп. - Подолг период наназад, почнувајќи од ноември 2013 година до пред некој ден, пријавениот Иван Николов-Сачевалиев има поведено повеќе постапки пред Општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за...

Кривична за жител на Велешта што се обидел да си го убие братот

Струшката полиција поднела кривична пријава против 44-годишниот А.Н. од селото Велешта, осомничен дека кон крајот на минатиот месец со пиштол се обидел да го убие својот брат, информира полицијата. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена. Според полицијата, инцидентот се случил на 22 февруари во Велешта, кога во расправија, осомничениот првин физички го нападнал својот...

Тетовец ограбил пензионер во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 35-годишниот тетовец Џ.С., осомничен дека на почетокот на минатиот месец ограбил пензионер, информира полицијата. Против него е поднесена кривична пријава за кражба. Кражбата, според полицијата, се случила пред банка во Струга, каде 78-годишниот пензионер ја подигнал пензијата, а кога излегол надвор, две лица се втурнале во него. Кратко потоа, пензионерот забалежал дека му го нема...

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на опозцијата, Зоран Заев, иако против него се поднесени две кривични пријави, од кои една вчера...

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија. Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, го одвел во банка во...

Управители на градежна фирма осомничени за затајување данок

Струмичката полиција поднела кривична пријава против градежната фирма „Антеа МГ“ ДОО Штип и против нејзините управители М.Н. (43), Д.Ј. (27) и В.Т. (40), осомничени за даночно затајување и за фалсификување и уништување деловни книги. Како што информираат од полицијата, осомничените се товарат дека во периодот од 2009 до 2012 година не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од...

Опозиционерите доставија нови снимки до обвинителството

Пет члена на високите раководства на опозициската коалиција денеска до Jавното обвинитество ги доставија материјалите од нивни прислушувани разговори, како што тврдат, по директива на власта, а како проширување на кривичната пријава за неовластено прислушување што СДСМ ја поднесе пред неколку недели. Професорот и кандидат за претседател на СДСМ на последните претседателски избори, Стево Пендаровски, изрази надеж дека доказите што...

Скопјaнец ја претепал сопругата со метална цевка

Скопската полиција поднела кривична пријава против 50-годишниот скопјанец Д.Б., осомничен дека вчера со метална цевка ја претепал својата сопруга, Е.Б. (46), на улица во градот и потоа побегнал, информираат од полицијата. Случајот го пријавиле од Ургентниот центар, каде жената била хоспитализирана по нападот, кој се случил околу 7 часот наутро на улицата Московска. Според полицијата, осомничениот со метална цевка ја претепал...

Тројца дилери добија кривични пријави

СВР-Битола поднесе кривична пријава против В.Б. (46) од Ресен и О.С. (43) и Т.П. (25) од Битола, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. На 20 овој месец, во близина на село Стење, Ресенско, О.С. од В.Б. купил четири килограми и 500 грама наркотична дрога марихуана, по што О.С. се договорил со Т.П. да ја...

СДСМ поднесе кривична против Груевски за оддавање службена тајна

Кривична пријава против премиерот Никола Груевски, за оддавање службена тајна, поднесе  денеска СДСМ. Во Основното јавно обвинителство беа Оливер Спасовски, генерален секретар на партијата, и Филип Медарски, адвокатот на партијата. - Груевски на вчерашната прес-конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки. Воедно, во кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, судот и...

Двајца скопјани осомничени за тешки кражби, однеле плен вреден 500.000 денари

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против две момчиња на возраст од 25, односно 22 години, осомничени за две тешки кражби што ги извршиле во населбата Кисела Вода, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за Х.Е. (25), кому судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор, и за А.Г. (22), кому, пак, му е одредена мерка...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...