fbpx

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

-

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија.

Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, го одвел во банка во градот, каде кочанецот подигнал 49.156 американски долари и 562 евра. Парите веднаш му ги дал на Ф.С., со кој оттогаш ниту се сретнале ниту, пак, кочанецот заминал за Австралија.

СВР Штип против Ф.С. поднел кривична пријава за измама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...