fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Тројца осомничени за фалсификување исправа и за измама

Тетовската полиција поднела кривични пријави против прилепчанец и против двајца скопјани, осомничени за измама и за фалсификување исправа која била употребена за регистрација на половно возило, увезено од странство. Станува збор за прилепчанецот Т.З. (43) и за скопјаните Т.Г. (55) и А.О. (49), против кои била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Против Т.Г. и А.О. е поднесена пријава и...

Шилегов: Груевски денеска потврди дека прислушувал

Никола Груевски потврди дека прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска на прес-конференција. - Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско-судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност. Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини...

Зврлевски: Никој од мене не побарал да отфрлам кривична пријава

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ во врска со некаков разговор во кој е споменато моето име, рече денеска јавниот обвинител Марко Зврлевски. - Јас, како јавен обвинител, немам постапувано по предмет во којшто како пријавено лице се појавува министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од мене никој нема побарано да отфрлам кривична пријава. За сите предмети...

Украл ловечка пушка, а татко му ја предал во полиција

Дваесет и седумгодишен прилепчанец е осомничен за недозволено држење и тргување со оружје откако ловечката пушка што ја украл, неговиот татко доброволно ја предал во полиција. Според полициските информации, осомничениот на 19 декември, минатата година, од куќа на улицата Петта прилепска бригада, украл ловна пушка, карабин „црвена застава“, со калибар 8x57, и пет куршуми. По три дена, неговиот татко ја...

Малолетник осомничен за фалсификување пари

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против 17-годишно момче од селото Дебреше, осомничено за фалсификување пари, информираа од МВР. Според полицијата, кон средината на ноември мината година, во паркот од општинската зграда, извршиле преглед над осомничениот и пронашле фалсификувана банкнота во апоени од 500 евра.

Скопјанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на скопјанецот А.И. (57), осомничен дека организирал и транспортирал македонски државјани во земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) како баратели на азил, соопшти МВР. Против А.И., одделението за насилен криминал, односно отсекот за трговија со луѓе при СВР Скопје, поднело кривична пријава за злоупотреба на безвисниот режим со земјите-членки на ЕУ и на шенгенскиот договор. Од...

Кривична пријава за полициски командир оти не запленил покер-апарати

Командир во полициското одделение Камењане при СВР Тетово, А.М. (33), бил осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, информираат од МВР. Кривичната пријава ја поднел Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, поради сомневање дека командирот на 19 ноември минатата година, при контрола на нелегална спортска обложувалница во селото Пирок, не запленил шест покер-апарати.

Кумановка осомничена за кражба на струја

Триесет и шестгодишна кумановка е осомничена дека со интервенција на електирчното броило, без согласност на „ЕВН Македонија“, крадела струја во нејзината аптека, информираат од полицијата. Против осомничената, СВР Куманово поднел пријава за кражба и за симнување и оштетување службен печат или знак. Како што информираат од полицијата, Н.М., во неутврден период до 30 декември 2014 година, без согласност на „ЕВН Македонија“,...

Притворен скопјанец осомничен за разбојништво

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на скопјанецот Ф.С. (20), осомничен дека на средината од минатиот месец, вооружен со пиштол, ограбил аптека во населбата Чаир, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот на 13 јануари, со закана со пиштол, одзел 18.000 денари од аптеката „Голд мун“ на улицата Благоја Паровиќ. Скопјанецот бил откриен по проверката на снимките од безбедносните камери, а...

Зел 3.000 евра од бизнисмен, лажејќи дека е висок службеник во УЈП

Дваесет и седумгодишен скопјанец е осомничен дека лажно претставувајќи се како вработен на висока позиција во Управата за јавни приходи(УЈП), успеал од сопственик на тетовска фирма да земе 3.000 евра, ветувајќи му дека, наводно, ќе му помогне да го намири долгот за ДДВ и за персонален данок на рати и со отпис на сумата за камата, соопштуваат од МВР. Против...

Со туѓа дебитна картичка купувале облека преку интернет

Битолската полиција поднела кривични пријави против И.Н. (29) и  З.К. (40), осомничени дека со туѓа кредитна картичка купувале облека преку интернет. Како што информираат од полицијата, против И.Н. била поднесена кривична пријава за кражба, додека З.К. се товари за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем. Според полицијата, првоосомничената, на 22 номеври минатата година, на банкомат во Битола пронашла и присвoила...

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против Никола Груевски

Кривична пријава за Никола Груевски за неовластено прислушување и снимање ќе поднесе СДСМ, рече Петре Шилегов, портпаролот на партијата, на денешната прес-конференција. - Според Кривичниот законик, неовластено прислушување и снимање не е дозволено, што значи Груевски го прекршил законот. Ако постоеле посебни истражни мерки, сторено е кривично дело во согласност со членовите 360 и 360а  - оддавање службена тајна. Сега...

Сопственикот на српски „Курир“ поднел кривична пријава против Борис Тадиќ

Радисав Родиќ, сопственик на српскиот весник „Курир“, денеска соопшти дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија, Борис Тадиќ, и против уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“. Родиќ соопшти дека кривичната пријава до обвинителството ја поднел за организиран криминал и оти...

Одреден притвор за уште двајца од осомничените во „Пуч“

Скопскиот Кривичен суд, по распитот пред судија во случајот „Пуч“, на второосомничената, Соња Верушевска, сопруга на првообвинетиот, и на третоосомничениот, Бранко Палфиров, функционер во Општина Струмица, им одреди 30-дневен притвор. На четвртообвинетиот во овој случај, Зоран Заев, одредена му е мерка за претпазливост, одземање на пасошот и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд. Според МВР, со полициската акција „Пуч“ спречен е обид...

Заев: Вистината ќе излезе на виделина

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, против кој денеска беше поднесена кривична пријава за шпионажа и за насилство врз највисоките државни органи, изјави дека ова што сега се случува е само почеток на слободата во Македонија. -  Само сакам да кажам: охрабрете се граѓани сите и радувајте се. Ова е почеток на враќање на слободата и на демократијата во Македонија. Вистината...

Заев: Ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Радио Слободна Европа“ вели дека кривичната пријава против него поради сомнеж за „загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта“ е само „дрзок и безобразен обид на власта да го спречи објавувањето на докази и на аргументи“. - Поради тоа што постои целосна спрега меѓу МВР, обвинителството и судството, ја повикувам меѓународната...

Помладиот син на Верушевски осомничен за детска порнографија

Помладиот син на Зоран Верушевски е осомничен за производство и за дистрибуција на детска порнографија, а бидејќи не е достапен за органите за прогонот, за негово приведување ќе биде ангажиран и Интерпол, соопшти МВР. Кривичната пријава до Основното јавно обвинителство ја поднел Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, а според пијавата, Г.В. (19) во текот на ноември минатата година, преку...

Кривична пријава за шпионажа за Зоран Заев

Во полициската акција „Пуч“, осомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски, кој е уапсен пред две недели, и со уште две лица, се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните. Како што информираат од МВР, во досегашната истрага било утврдено дека осомничените лица, преку...

Полицаец осомничен за шверц на илегални мигранти

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава против полицаецот А.Х. (29) од Скопје, осомничен дека при крајот на октомври минатата година шверцувал илегални мигранти, соопшти МВР. Како што информираат од МВР, осомничениот полициски службеник и скопјанецот Р.С. (33), кон крајот на октомври за одреден паричен надомест прифатиле да пренесат илегални мигранти од Гевгелија до Скопје. Откако ги...

Велешанец осомничен за разбојништво над сириски мигранти

Дваесет и четиригодишен велешанец е осомничен дека заедно со уште две засега непознати лица, во ноември минатата година, извршил разбојништво над тројца илегални мигранти од Сирија, информираат од полицијата. Станува збор за К.Г. (24), против кој СВР Велес, во соработка со надлежното основно јавно обвинителство, поднел пријава за разбојништво. Според полицијата, кон крајот на ноември минатата година, осомничениот, заедно со уште...