fbpx

Со туѓа дебитна картичка купувале облека преку интернет

-

Битолската полиција поднела кривични пријави против И.Н. (29) и  З.К. (40), осомничени дека со туѓа кредитна картичка купувале облека преку интернет.

Како што информираат од полицијата, против И.Н. била поднесена кривична пријава за кражба, додека З.К. се товари за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем.

Според полицијата, првоосомничената, на 22 номеври минатата година, на банкомат во Битола пронашла и присвoила дебитна картичка, сопственост на лице од Битола, а потоа, заедно со З.К., ја искористила картичката за купување облека преку веб-страница на интернет.

Вкупната материјална штета што ја предизвикале била проценета на околу 32.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...