Војската на Чад соопшти дека во пограничниот град Гамбор ѝ нанела тешки загуби на терористичката организација Боко харам, при што се убиени повеќе од 200 исламски екстремисти.
Чадските војници првпат дејствуваа како регионална сила во борбата против исламските екстремисти на нигериско тло, во пограничниот град Гамбор, кој го презеле од Боко харам од копнена офанзива.
Околу 2.000 војници, со поддршка на копнени возила, ја преминале границата и влегле во Гамбор, откако трупите на Африканската унија минатата недела ја поддржаа пресметката на регионалните сили со екстремистите.
Екстремистите на Боко харам дејствуваат на североистокот на Нигерија, но, исто така, се активни и во Чад и на северот на Камерун. Чадската војска соопшти дека нејзините трупи и понатаму го „чешлаат“ градот на границата со Камерун.