fbpx

Палестинците во грч брзаат кој југот на Газа, додека израелската војска врши воени дејствија

Израелската војска вели дека спроведува повремени рации во Газа за да се бори со милитанти и трага по 150 луѓе, деца, жени и мажи грабнати во текот на ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври

-

Палестинците во грч брзаат да избегаат од северот на Газа денеска, откако израелската војска нареди повеќе од половината од населението да се евакуира во југот на територијата и врши теренски упади, пред очекуваната копнена офанзива, точно една седмица по крвавиот напад на екстремистичкото движење Хамас на израелска територија, јавува новинската агенција „Асошиејтид Прес“.

Израел ги обнови повиците на социјалните медиуми и повиците преку летоци фрлани од воздух кон отприлика еден милион жители на Газа да одат на југ на територијата, додека Хамас повикува жителите да останат во своите домови. Акции на ООН и на хуманитарни организации предупредуваат дека таквиот егзодус ќе предизвика неискажливо страдање на луѓе, дополнето со фактот дека болнички пациенти и други не може да бегаат.

Семејства во автомобили, камиони и магарешки запреги полни со покуќнина го запоседнаат главниот пат од градот Газа во правец југ, додека израелските воздушни напади се одвиваат на територијата долга 40 километри во правец североисток-југозапад, а залихите на храна, вода за пиење и гориво се исцрпуваат поради целосната блокада од Израел.

Египетски официјални лица велат дека јужниот граничен премин „Рафах“ ќе се отвори денеска попладне за да дозволи излез на странци. Израел порача дека Палестинците може да се движат низ Газа без последици по двата главни пата од 10 до 16 часот.

Израелската војска вели дека „стотици илјади“ Палестинци веќе го послушале предупредувањето и тргнале кон југот на појасот. Но сепак, некои што се 20 километри понатака, се соочуваат со патишта оштетени од израелските бомбардиња и недостигот на гориво.

Илјадници бегалци се веќе во поранешното училиште претворено во засолниште во Деир-ал-Балах, село на југ од евакуираната зона. Многумина ноќеска пресплае на земја или на столчиња земени од училниците.

„Дојдов тука со моите деца. Спиевме на земја. Немаме душеци ниту алишта. Сакам да си се вратам дома, иако можеби таа ми е уништена“, вели Ховеида ал-Занин (63), жителка на северното село Беит Ханун.

Израелската војска вели дека спроведува повремени рации во Газа за да се бори со милитанти и трага по 150 луѓе, деца, жени и мажи грабнати во текот на ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...