fbpx

Назначени нови директори на клиниките за кардиологија и за дерматовенерологија

За нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста

-

Министерот за здравство Фатмир Меџити именуваше нови медицински директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија, соопшти Министерство за здравство.

На Универзитетската клиника за дерматовенерологија за нов в.д. медицински директор е назначен д-р Дејан Филиповиќ, кој од 2018 година е вработен на оваа клиника како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој, во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, член на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.

За нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста, долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 година е вработен на Клиниката за кардиологија на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на УК за кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...