четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: чад | 24 резултати

Пожарите на Хаваи не се предизвикани со ласерско оружје

16 август 2023

Вистиномер го пронајде делот од видеото споделено во оваа објава на Фејсбук, за кое се тврди дека наводно е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога на Хаваи немаше пожари. Теоретичарите на заговори се разжестија со нови идеи по избувнувањето на […]

Порталб: По пожарот во Тетово, граѓанското општество загрижено за последиците од загадувањето, надлежните мислат поинаку

1 јуни 2022

Завчерашниот пожар што избувна во претпријатието „Пофикс“ во Тетово го покри градот со црн чад. Иако податоците од Министерството за животна средина и министерот велат дека квалитетот на воздухот е во границите на нормалата, еколошките организации и активисти велат дека воздухот е загаден и дека пожарот освен што е предизвикана лоша миризба во градот, граѓаните […]

„Пејпер мил“ ќе мора да работи или на плин или да стави клуч додека не инсталира филтри

28 декември 2020

Загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, доколку на следното мерење на емисиите во воздухот кое е закажано за два дена, на 30 декември, се докаже дека и понатаму ги надминува граничните вредности, ќе мора да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин или пак, ќе мора да стави клуч на врата […]

Жителите на Визбегово бараат помош од Заев за чадот од дивата депонија

28 мај 2019

Дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово и понатаму гори, испуштајќи опасен чад кој сериозно го загрозува здравјето на граѓаните, поради што жители на Визбегово му пишаа и на премиерот Зоран Заев барајќи спас од ситуацијата на која што се изложени повеќе од четири месеци не само тие, туку и жителите на Чаир и […]

Гори депонијата во Кочани, опозицијата бара Владата да ја преземе надлежноста

12 март 2019

Со денови гори комуналната депонија во Кочани. Последните неколку дена чадењето е намалено, но помали облаци чад и натаму се креваат над селото Бели, а од таму и над градот Кочани. Чадењето е резултат на хемиските реакции, но неколку дена депонијата буквално гореше откако собиричи на пластика случајно ја запалиле. Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги повика […]

Oсуммина загинати во пожар во зграда во Португалија

14 јануари 2018

Во пожар што вчеравечер зафатил еден кат од зградата на Граѓанскиот дом во Вила Нова да Раиња, приградска населба на Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон, загинаа најмалку осум лица, а најмалку 35 се повредени, објавија локалните власти. Пожарот избувнал откако експлодирал котел за парно греење, а во тој момент во Граѓанскиот дом имало […]

Најмалку тројца загинати во пожар во солитер на Хаваи

15 јули 2017

Најмалку три лица загинаа во пожар во солитер во Хонолулу, на Хаваи. Пожарот избил вчера попладнето по локално време, на 26. кат од солитерот „Марко Поло“. Огнот бргу се проширил на другите катови. Полицијата стравува дека тоа не е конечен број на жртви. Во пожарот повредени се 16 луѓе. Околу 100 пожарникари го гаснеле огнот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата неспособна да помогне на стружани и да ја спаси туристичката сезона

17 јуни 2017

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија“, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата вели дека […]

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора

2 април 2017

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора, а во моментов екипи на противпожарната бригада се на терен. „Поголема шумска површина гори од 12 часот, а нашите екипи се на терен и сè уште го гаснат пожарот. Се работи за место над селата Булачани и Раштак“, изјавија за „Мета“ од противпожарната бригада. Чадот од запалената […]

Два пожари ноќеска – радовишанка се надишала чад, изгорела работилница

23 јануари 2017

Два поголеми пожари се регистрирани ноќеска, при што во едниот 75-годишна радовишанка се изнадишала чад и завршила в болница, а во вториот изгорела работилница за брикети во скопската населба Бутел. Во Радовиш ноќеска во 1.35 часот бил пријавен пожар на улицата 22 Октомври. Пожарот избувнал во куќата на 75-годишната М.Р., при што изгорела покуќнината во […]

Регистриран чад во авионот на „Египет ер“

21 мај 2016

Неколку минути пред да исчезне од радарот, во патничкиот авион на „Египет ер“ бил регистиран чад, јавуваат светските медиуми. Авионот на египетската авиокомпанија, кој со 56 патници и 10 членови на екипажот леташе на релација Париз – Каиро, во четвртокот се урна во Средоземното море, кај островот Крит, кратко по влегувањето во египетскиот воздушен простор. […]

Во Чад војници пукале на демонстранти и убиле едно лице

22 февруари 2016

Студент од Чад е убиен од група војници, кои отвориле оган на демонстранти за време на протестот поради групното силување на една девојка. За време на престрелката ранети се пет други лица. – Војниците пукаа на студентите, убија еден, а ранија петмина – изјавил доктор од болницата во градот Фаја Ларгеу. Протестот на студентите е само […]

Жител на Дурачка Река се задушил од чад од пожар во својот дом

9 јануари 2016

Вчера, околу 11.30 часот, во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека 50-годишниот Орце И. од селото Дурачка Река починал од задушување со чад, во пожар кој избувнал во неговиот дом. Како што информираат од полицијата, пожарот настанал кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и облека. Увид на местото […]

Жена се задушила од чад во својот дом

27 декември 2015

Будимка А. (77) од виничкото село Црни Врв се задушила во пожар во својата куќа. Пожарот, од засега непознати причини, избувнал во вечерните часови во една од собите од куќата, сопственост на Будимка А., додека таа спиела. Пламенот набрзина ги зафатил собите. Огнот во куќата го забележале соседите, кои веднаш ја повикале бригадата за противпожарна заштита и […]

Скопјанец се задушил во пожар во својот дом

17 ноември 2015

Педесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во пожар што вчераутро, во 7.20 часот, избувнал во неговата куќа во населбата Илинден, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Слободан Н., кој се задушил од чадот и починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, а во тек е истрага […]

Чад: 40 загинати и 50 повредени во самоубиствен напад

11 октомври 2015

Најмалку 41 лице загинаа, а 50 се повредени во вчерашниот самоубиствен напад на пазар во градот Бага Сола, јавуваат светските медиуми. Локалните власти, кои претпоставуваат дека зад нападот стои екстремистичката група Боко харам, соопштија дека меѓу загинатите се и петте бомбаши-самоубици – еден маж, две жени и две деца. Боко харам, која изрази лојалност кон […]

Масакр на Боко харам на остров во езерото Чад

27 април 2015

Во напад на островот Карамага, на езерото Чад, припадници на терористичката група Боко харам убиле голем дел од жителите, како оние кои се обиделе да најдат спас во водите на езерото, така и оние кои се скриле во куќите. По доаѓањето на островот, припадниците на Боко харам прво се пресметале со нигериските владини сили, кои ги […]

76-годишна скопјанка настрадала во пожар

29 март 2015

Седумдесет и шестгодишната Братислава Н. го загубила животот во пожар што вчера попладне избувнал во една од собите од станот во кој живеела, соопшти полицијата. Пожарот се случил околу 13.30 часот, во стан на улицата Вера Јоциќ, а како што информираат од полицијата жената се задушила од чадот.

Војската во Чад уби 200 борци на Боко харам

4 февруари 2015

Војската на Чад соопшти дека во пограничниот град Гамбор ѝ нанела тешки загуби на терористичката организација Боко харам, при што се убиени повеќе од 200 исламски екстремисти. Чадските војници првпат дејствуваа како регионална сила во борбата против исламските екстремисти на нигериско тло, во пограничниот град Гамбор, кој го презеле од Боко харам од копнена офанзива. Околу […]

Во пожар изгоре куќа во Кочани

24 ноември 2014

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“. Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани. Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за […]

Страна 1 од 1