Командир во полициското одделение Камењане при СВР Тетово, А.М. (33), бил осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, информираат од МВР.

Кривичната пријава ја поднел Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, поради сомневање дека командирот на 19 ноември минатата година, при контрола на нелегална спортска обложувалница во селото Пирок, не запленил шест покер-апарати.