fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Уценувале ресенка со компромитирачки видеоснимки

Двајца ресенци се осомничени дека уценувале нивна сограѓанка, барајќи од неа да им палти 2.000 евра, за да не објават компромитирачки видеоматеријал на интернет, соопшти полицијата. Против осомничените Г.Т. (33) и Б.О. (45) се поднесени пријави за уцена. Како што информираат од полицијата, првоосомничениот Г.Т., минатиот месец, ја пресретнал жената во близина на нејзиното работно место и, заканувајќи се дека ќе...

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е определана само на поранешниот градоначалник Александар Петрески и на уште тројца раководители на сектори од...

Притворен скопјанец, ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки фотографии на „Инстаграм“

На 19-годишен скопјанец му бил одреден осумдневен притвор, откако на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил компромитирачки фотографии од својата поранешна девојка. Како што информираат од МВР, осомничениот А.Ш. на 13 ноември ѝ се заканил на својата поранешна девоја, дека доколку не му даде 5.000 денари, на „Инстаграм“ ќе ги објави фотографиите што ги снимил додека воделе љубов. Истиот ден, тој без согласност на девојката,...

Акција на МВР и на царината: Запленети 236 грама хероин

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во заедничка акција со Царинската управа, денеска на граничниот премин Богородица, спречиле шверц на 236 грама хероин, наменет за домашниот наркопазар, соопшти МВР. Дрогата била откриена при претрес на 46-годишниот скопјанец А.Б., кој патувал во автобус, што сообраќал на редовната линија Скопје - Истанбул. - По извршениот претрес, кај лицето во елекот...

Кривична пријава против велешанец оти се обидел да прегази полицајци

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против 34-годишен велешанец, осомничен дека со камион со лажни регистарски таблички, се обидел да прегази полицајци. Според полицијата, велешанецот Е.Н. е осомничен за фалсификување личен документ и за напад врз службено лице при вршење работи во безбедноста. Инцидентот се случил на почетокот на овој месец, кога на регионалниот пат Богданци - Валандово, осомничениот одбил да запре на...

Жител на Богданци осомничен за насилство и за напад на полицајци

Четириесет и четиригодишен жител на Богданци е осомничен за насилство, откако нападнал сограѓанин и полициска екипа, која дошла да интервенира по инцидентот. Како што информираат од гевгелиската полиција, осомничениот Ѓ.Д., на почетокот на овој месец, во кафеаната „Парк“, без повод и причина нападнал сограѓанин, удирајќи го во главата. По инцидентот, тој излегол од кафеаната, но по извесно време, повторно се...

Кривична пријава за претседателот на здружението „Пастрмајлијада 2013“

Дваесет и петгодишен штипјанец, претседател на здружението на граѓани „Пастрмајлијада 2013“, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Од полицијата информираат дека осомничениот А.Џ. делото за кое се товари го строил во периодот од септември 2013 до октомври 2014 година, кога без донесени одлуки на органите на здружението, незаконски потрошил околу 2,7 милиони денари. Според пријавата, штипјанецот повеќепати незаконски...

Кривични пријави против три лица за илегален превоз на мигранти

Минатата недела во три одвоени случаи, против три лица, С.Н. (39), Д.М. (26) двајцата од село Марвинци, Валандовско и С.К. (25) од село Казандол, исто така Валандовско, се поднесени кривични пријави за илегален превоз на мигранти. При акцијата се откриени 25 илегални мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. На пријавените Д.М. и С.К. судија од претходна постапка...

Радовишанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Валандовската полиција поднела кривична пријава против Ш.С. (44) од Радовиш, кој е осомничен за злоупотреба на безвизниот режим со државите од Европската Унија и Шенгенскиот договор. Како што информираат од полицијата, осомничениот во 2013 година, преку граничниот премин Табановце, транспортирал двајца жители од селото Колково, до градот Ајзенберг, во Германија, чија цел била да се пријават како баратели на азил.

Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Против двајца сиријски државјани се поднесени кривични пријави откако полицијата на граничниот премин Табановце утврдила дека личните документи што ги дале за проверка се фалсификати. Кривичните пријави ги поднел Регионалниот центар за гранични работи - Север, и според пријавите сиријските државјани се товарат за фалсификување лични документи. Осомничените, на преминот Табановце, на увид дале германска и унгарска лична карта, за кои, по извршените проверки, полицијата...

Делчевец осомничен за фалсификување оти го искинал пасошот

Регионалниот центар за гранични работи Исток, поднел кривична пријава против Р.Т. (32) од Делчево, кој е осомничен за фалсификување личен документ. Како што информираат од полицијата, осомничениот кон средината на минатиот месец самиот отишол во канцеларијата за странци и реадмисија во Делчево и поднел барање предвреме да му биде заменет пасошот. Полицајците, по извршениот преглед на патната исправа, утврдиле дека од неа...

Четворица кочанчци осомничени дека украле плен вреден повеќе од еден милион денари

Виничаката полиција поднела кривични пријави против четворица кочанци, осомничени дека минатиот месец од куќа во селото Ласки украле девизи, денари и златен накит, со вкупна вредност поголема од еден милион денари. Според полицијата, С.К. (49), Г.П. (36), Б.П. (32) и Б.М. (29) се осомничени за тешка кражба, која што ја извршиле на почетокот на минатиот месец. Тие провалиле во куќа во селото...

Кумановка осомничена за фалсификување диплома од ДУТ

Тетовската полиција поднела кривична пријава против Џ.Б. (28) од Куманово, осомничена дека фалсификувала уверение за завршено високо образование, со кое се вработила како наставник во основно училиште во Липково, информираат од полицијата. Според пријавата, осомничената го сторила делото во 2011 година, кога направила лажно уверение за завршено високо образование од Филолошкиот факултет, студентска програма англиски јазик и литература при Државниот...

Скопјанец осомничен за серија кражби во Кратовско

Кратовската полиција поднела кривична пријава против дваесет и седумгодишен скопјанец, осомничен дека извршил серија кражби во верски објекти и во продавници во градот и во околните села. Според полициските информации, осомничениот ги извршил кражбите во текот на август и на септември оваа година, кога со соодветен алат успеал да провали во пет верски објекти и во неколку колонијални продавници. Од верските...

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат...