fbpx

Кривична пријава за претседателот на здружението „Пастрмајлијада 2013“

-

Дваесет и петгодишен штипјанец, претседател на здружението на граѓани „Пастрмајлијада 2013“, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од полицијата информираат дека осомничениот А.Џ. делото за кое се товари го строил во периодот од септември 2013 до октомври 2014 година, кога без донесени одлуки на органите на здружението, незаконски потрошил околу 2,7 милиони денари.

Според пријавата, штипјанецот повеќепати незаконски присвоил околу 400.000 денари, така што дел, во износ од околу 260.000 денари, ги префрлил од сметка на здружението на трансакциски сметки на повеќе физички лица, кои, откако ги подигнале, му ги давале на рака на оосомничениот, а останатиот дел од 137.000 денари, тој ги подигал од сметката на здружението, за материјални трошоци, за кои не доставил покритие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...