fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Жител на Радолишта осомничен за шверц на пастрмка

Регионалот центар за гранични работи Запад поднел кривична пријава против Л.Л. (40) од струшкото село Радолишта, осомничен дека се обидел да прошверцува околу 20 килограми риба пастрмка, информираат од МВР. Според полицијата, на 21 јануари, полициски службеници на локалниот пат Струга - Радожда, извршиле контрола на автомобил, марка „мерцедес 190“ со струшки таблички, сопственост на осомничениот, и на предното седиште...

Млади кумановци осомничени за разбојништво

Шест момчиња од Куманово, од кои едно е малолентик, се осомничени дека на почетокот на овој месец ограбиле странски државјанин на улица во градот. Како што информираат од МВР, против осомничените, кои се на возраст од 17 до 21 година, била поднесена пријава за разбојништво. Според полицијата, осомничените на 5 јануари, на улицата Доне Божинов, со употреба на физичка сила извршиле...

СДСМ во Центар ќе бара разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“

Советничката група на СДСМ и на коалицијата, денеска во Советот на Општина Центар ќе предложи заклучок за разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“, која, според советничката група на социјалдемократите, била незаконски поставена на функцијата. - До градоначалникот беше доставен предлог за избор на директор од двајца кандидати за коишто членовите на училишниот одбор гласале двапати, а дозволено е...

Студент поднесе кривична пријава против Вевчанскиот карневал

Златко Јакимовски, студент во трета година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, до Обвинителството во Струга поднесе кривична пријава против непознати сторители за убивање, мачење и за нанесување непотребни болки на животни на Вевчанскиот карневал, кој се одржа во периодот од 10 до 15 јануари годинава,  јави  „Академик“.  - Оваа кривична пријава ја поднесов како граѓанин, но, пред сè, како човек кој од...

Охриѓанка барала 5.000 евра за да даде поволен исказ на суд

Охридската полиција поднела кривична пријава против 49-годишна жителка на градот, осомничена дека барала 5.000 евра за да сведочи во корист на лице против кое се водела правосудна постапка, информираат од МВР. Против К.К. (49) е поднесена пријава со која таа се товари за уцена. Според полициските информации, осомничената кон крајот на декември минатата година, неколкупати преку својот мобилен телефон испратила СМС-пораки...

Тетовец посредувал во проституција во својот локал

Шеесет и петгодишен тетовец е осомничен дека посредувал во користење сексуални услуги од две албански државјанки на клиенти во неговиот угостителски објект во градот, соопшти МВР. СВР Тетово против М.А.(65), сопственик на локалот „АББА“, поднел пријава за две кривични дела, односно посредување во вршење проституција и помагање странец при незаконит престој, а судија на предходна постапка му одредил притвор од...

Штипјанец се обидел во гаќи да прошверцува дрога

Двајца штипјани се осомничени за трговија со дрога откако биле фатени со амфетамин што го набавиле во Бугарија, соопшти МВР. Станува збор за Ж.М. (26) и З.Ч. (29), против кои СВР Струмица поднела кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што соопштуваат од МВР, осомничните на 8 јануари заминале во Софија,...

Го пријавил брата си дека дома чува бомби, па добил кривична пријава

Кочанската полиција поднела кривична пријава против 42-годишен жител на градот за недозволено држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот Ф.Ј. на 25 октомври минатата година, во кочанската полиција пријавил дека неговиот брат Е.Ј. дома неовластено чувал четири бомби и два пиштоли. Полицијата извршила претрес и пронашла хемиска рачна бомба, а по извршениот разговор,...

Прилепчанец осомничен за седум разбојништва

Судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор на прилепчанецот А.А. (28), осомничен дека во декември, минатата година, извршил седум разбојништва. Според полициските информации, притворениот, во периодот од 12 до 24 декември, насилно ограбил седуммина прилепчани, од кои одзел златен накит во вкупна вредност од 58.000 денари. Против него е поднесена кривична пријава за разбојништво, информираат од МВР.

Косовец осомничен за фалсификување идентификациски број на возило

СВР Скопје поднел кривична пријава против косовски државјанин, осомничен дека фалсификувал идентификациски борј на автомобил, информираат од полицијата. Како што соопштуваат оттаму, станува збор за Љ.Х. (58), кој се товари за две кривични дела, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од осум дена. Косовскиот државјанин, според полицијата, го фалсификувал идентификацискиот...

Вработен во делчевска гимназија осомничен за детска порнографија

Вработен во делчевска гимназија е осомничен дека вчера со мобилен телефон снимал тинејџерки како се пресоблекуваат во соблекувалната на спортската сала на гимназијата, информираат од МВР. Според полицијата, вчера, околу 14 часот, во соблекувалната на спортската сала, три ученички на возраст од 16 и 17 години, додека се пресоблекувале, нашле мобилен телефон кој бил вклучен да снима. Случајот бил пријавен во...

Кривична пријава за полицаец кој стрелал во тркало од автомобил

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против полицаец од Прилеп, осомничен за предизвикување општа опасност, кога при извршување службена должност стрелал во тркало од автомобил, поради што возилото завршило во ендек. Како што информираат од МВР, инцидентот за кој се товари полицаецот се случил на 6 октомври годинава, на патот меѓу селата Црнилишта и Ропотово. Вечерта,...

Кривична пријава против битолски разбојник

Дваесет и деветгодишен битолчанец е осомничен дека минатиот месец ограбил две сограѓанки и со нивните платежни картички се обедил да подигне пари од банкомат. Како што информираат од полицијата, против Р.Е. е поднесена кривична пријава за разбојништво, оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем. Осомничениот, на 19 и 22 ноември, на улицата 25 Мај, во битолската населба Карпош, со употреба...

Жител на беровско Митрашинци осомничен за тешка кражба

Беровската полиција до надлежното јавно обвинителство подела кривична против Д.Г. (27) од селото Митрашинци, осомничен дека извршил тешка кражба, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот во периодот од ноември 2013 до крајот на јули оваа година провалил во куќа во селото и украл 15.000 денари, 25.000 евра и електрична брусилка.

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата. Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до...

Дебранин фатен со 1,5 килограм марихуана

Триесет и четиригодишен дебранин е осомничен за трговија со дрога, откако пред четири дена бил затекнат од полицијата со 1,5 килограм марихуана, информираат од МВР. Дебарската полиција, против Б.Р. поднела кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор. Според полициските информации,...

Петмина осомничени за злоупотреба на културното наследство

Битолската полиција, во два одвоени случаи, до обивнителството поднела кривични пријави против петмина жители на Битола и на Битолско, осомничени за присвојување, оштетување или за уништување и за изнесување во странство на добра кои се дел од културното наслество или природни реткости, соопшти МВР. Според полицијата, во првиот случај кривични пријави се поднесени против битолчанецот К.Т.(64), Т.Н. (31) од село...

Со туѓа картичка се обидел да извади пари од банкомат

Беровец е осомничен за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем, откако со туѓа кредитна картичка се обидел да извади пари од банкомат. Според полициските информации, осомничениот Д.А. (25), кон средината на октомври годинава, додека седел во угостителски објект, зел туѓо палто, кое подоцна го вратил, но без паричникот, кој го задржал за себе. Со кредитна картичка, сопственост на...

Жител на Корошишта дома чувал 400 куршуми за „калашников“

Струшката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Корошишта, откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени речиси 400 парчиња муниција за автоматска пушка. Против Д.У. (26) е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и за тргување со оружје или распрскувачки материи. Според полицијата, кон средината на јули оваа година, при извршен претрес во домот на осомничениот, биле пронајдени...

Полицијата запленила 1,5 килограм хероин

Скопската полиција поднела кривична пријава против две лица осомничени за трговија со дрога и запленила околу 1,5 килограм хероин, информираат од МВР. Според полициските информации, станува збор за А.М. (31) и И.Н. (21), двајцата од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...