fbpx

Кривична пријава за полицаец кој стрелал во тркало од автомобил

-

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против полицаец од Прилеп, осомничен за предизвикување општа опасност, кога при извршување службена должност стрелал во тркало од автомобил, поради што возилото завршило во ендек.

Како што информираат од МВР, инцидентот за кој се товари полицаецот се случил на 6 октомври годинава, на патот меѓу селата Црнилишта и Ропотово. Вечерта, околу 21 часот, полициската патрола во која бил и осомничениот полицаец се обидела да запре камион „там“, чиј возач го игнорирал нивниот знак и со зголемена брзина продолжил да се движи по патот. Патролата тргнала по него, но со автомобил, марка „голф 3“, ѝ бил попречен патот. Осомничениот како предупредување од службениот пиштол истрелал неколку куршуми во воздух, а потоа и во тркалото на автомобилот, кој се превртел во ендек покрај патот.

Според секторот за внатрешна контрола, осомничениот со тоа ги довел во опасност животот на возачот на автомобилот и полициските службеници што биле со него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...