fbpx

Петмина осомничени за злоупотреба на културното наследство

-

Битолската полиција, во два одвоени случаи, до обивнителството поднела кривични пријави против петмина жители на Битола и на Битолско, осомничени за присвојување, оштетување или за уништување и за изнесување во странство на добра кои се дел од културното наслество или природни реткости, соопшти МВР.

Според полицијата, во првиот случај кривични пријави се поднесени против битолчанецот К.Т.(64), Т.Н. (31) од село Живојно, општина Новаци и З.Л. (44) од селото Ивањевци во општина Могила. Тие се осомничени дека набавиле два предмети, женска фигура и глава која е дел од неа, изработени од мермер, кои се од особено културно значење за државата.

Предметите не ги пријавиле до надлежните институции, туку ги задржале за себе, а според полицијата, во текот на септември и на почетокот од октомври се обиделе да ги изнесат во Грција и да ги продадат на непознато лице.

Кога и како ги набавиле предметите, засега останува непознато за полицијата.

Во вториот случај, осомничени се К.В. (42) и К.Т.К. (46) од битолското село Породин, кои се товарат дека работејќи на нива, го оштетиле археолошкото наоѓалиште на локалитетот Велушка тумба во атарот на селото.

Земјиштето на кое работеле, на осомничените им било дадено на користење од страна на ЗК „Пелагонија“.

Според полицијата, осомничените знаеле дека на земјиштето има локалитет, но не знаеле кои се неговите точни граници бидејќи не било обележано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...