fbpx

Полицијата запленила 1,5 килограм хероин

-

Скопската полиција поднела кривична пријава против две лица осомничени за трговија со дрога и запленила околу 1,5 килограм хероин, информираат од МВР.

Според полициските информации, станува збор за А.М. (31) и И.Н. (21), двајцата од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија на предходна постапка им одредил мерка од 30 дена притвор.

Како што соопштуваат од МВР, во полициска акција бил уапсен А.М., додека второсомничениот И.Н. успеал да побегне.

Акцијата, во која учествувала единицата за недозволена трговија со дрога заедно со единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, била спроведена по добиени сознанија дека осомничените на почетокот од овој месец, од засега непознато лице од странство, планираат и договараат набавка на поголемо количество хероин.

– Пријавените се забележани со моторно возило во близина на општината Гази Баба, како од непознато лице преземаат најлонска кеса. Од страна на полициските службеници од Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ е пристапено кон нивно легитимирање, но пријавените се дале во бегство со моторното возило, при што навлегле во слепа улица во населбата Гази Баба, каде А.М. е лишен од слобода, а И.Н. успеал да избега – стои во соопштението од МВР.

При претрес, кај А.М. била пронајдена најлонска кеса, во која имало 1,5 килограм хероин.

Уапсениот скопјанец одбил да каже од кого го купил хероинот и за кој пазар била наменета дрогата.

Од МВР додаваат дека оваа реализација е дел од оперативната акција „Мрежа“, во рамките на која досега биле поднесени кривични пријави против околу 160 лица и биле запленети повеќе од 515 килограми дрога.

Осомничениот А.М., како што информираат од МВР, бил регистриран сторител на тешки кражби на подрачјето на општина Центар и во периодот од 2002 до 2003 година против него биле поднесени 33 кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...