fbpx

В среда се отвора ексклузивна и скапоцена „Златна соба“ во Охрид

-

В среда, во 11 часот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и академик Вера Битракова-Грозданова во Охрид ќе ја отворат „Златната соба“, потврди за „Мета“ директорката на Заводот и Музејот во Охрид, Тања Паскали Бунташеска. Таа вели дека е веќе отпечатен и луксузниот каталог, додека просторот беше уште од поодамна прилагоден, во познатиот објект и најубав пример на старогарадската охридска архитктура – Куќата на Робевци.

Во ексклузивната поставка, една од најскапоцените во Македонија, ќе доминира Златната маска, пронајдена кај Горна порта во стариот дел на Охрид, еден од најскапоцените музејски експонати во Македонија.

Проектот е финансиран со средства од Заводот и Музеј Охрид и од Министерството за култура. Како што првобитно беше најавено, тука ќе бидат сместени околу 400 најскапоцени антиквитети, пред сè, Златната маска и други златни, сребрени и позлатени предмети откриени при ископувањата во Охрид, како и во археолошките локалитети – Требеништа и Дебој.

Непосредно пред настанот, отворено останува и прашањето дали остануваат старите најави или, пак, дошло до промена, во смисла на тоа Златната маска сепак да не биде дел од колекцијата во „Златната соба“? Ова го актуелизираше директорката на Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, Весела Честоева, со една своја изјава дадена за охридското „Супер радио“ дека „изложувањето на Златната маска од Охрид во големиот музеј ќе значи уште поголема афирмација на вредното културно наследство на Република Македонија“.

Директорката на Заводот и Музејот во Охрид, Тања Паскали Бунташеска, во изјава за „Мета“, не даде прецизен одговор. Таа само рече: Златната маска и златната белегзија се изложени во Археолошкиот музеј на Македонија, од истите направени се веќе и музејски копии“!
Од друга страна, уште од времето кога археологот Паско Кузман ја откри Златната маска, се знаеше дека токму поради овој вреден артефакт се уредува „Златната соба“ во Охрид, а и самото име го доби поради златната маска и белегзија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...