fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Велешанец осомничен за организирање комар

СВР Штип поднел кривична пријава против 37-годишен велешанец кој во простории во Штип организирал комар. Како што информираат од полицијата, против велешанецот Д.С. е поднесена пријава за кривично дело комар, а против С.А.(21) од Штип за кривично дело помагање. Според полицијата, велешанецот од почетокот на септември до крајот на ноември во простории во Штип неовластено организирал комар, за што му помагал младиот...

Двајца битолчани осомничени за нелегален транспорт на мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против двајца битолчани, кои пред два дена биле фатени како превезуваат шестмина сириски државјани, кои илегално престојувале во земјата, информираат од МВР. Станува збор за И.П. (27) и Т.Г. (48), кои се осомничени за нелегален транспорт на мигранти. Според полицијата, тие биле приведени во понеделникот, околу 23.30 часот, на раскрсницата за битолското село...

Полицаец од преминот Ќафасан осомничен за примање поткуп

Раководител на смена во полициската станица на граничниот премин Ќафасан е осомничен дека од двајца странски државјани побарал и примил поткуп од 50 евра, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за полицискиот службеник Љ.П. (43) од Тетово, против кого е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Според полицијата, осомничениот полицаец на 6 декември од двајца албански државјани, кои патувале...

Превезувал мигранти со „порше кајен“

Полициска екипа од Регионалниот центар за гранични работи - Југ, вчера, при контрола на возило марка „порше кајен“, открила седум сириски држвјани кои илегално престојувале во земјата, инофрмираат од МВР. Како што информираат оттаму, џипот го управувал Џ.Б. (32) од скопското село Студеничани, кој е предаден на полициската станица во Неготино за натамошна постапка, а сириските државјани, кои се на возраст...

Неделковски и Илковски добија кривични пријави за ширење говор на омраза

Кривични пријави против Јанко Илковски и Миленко Неделковски поднесе Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници. Пријавите се поднесени поради ширење говор на омраза, поттикнување насилство и дискриминација кон членовите на ЛГБТ-заедницата, објави „Нова“. -Не се работи за изолиран случај во кој овие двајца новинари, преку својот хомофобичен говор, предизвикувале и директно насилство врз ЛГБТ-заедницата, туку веќе во доказните...

Скопјанец со стап ѝ ја скршил ногата на сопругата

Четириесет и осумгодишен скопјанец е осомничен за кривично дело при семејно насилство, откако со стап ја нападнал својата сопруга и ѝ ја скршил ногата, информираат од полицијата. Против осомничениот А.Г. е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда при семејно насилство, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од осум дена. Според информациите на скопската полиција, осомничениот на 11 ноември,...

Странец фатен со лажна лична карта на скопскиот аеродром

Албански државјанин е осомничен дека употребил фалсификувана италијанска лична карта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопшти МВР. Регионалниот центар за гранични работи Север, против В.М. (27) поднел кривична пријава за фалсификување исправа. Според полицијата, кон крајот на минатиот месец, осомничениот на граничниот премин на аеродромот, на пасошка контрола, употребил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин. По преземените мерки, полицијата...

Малолетник притворен за обид за тешка кражба

Судија на предходна постапка му изрекол 30-дневен притвор на 14-годишно момче, против кое скопската полиција поднела кривична пријава за обид за тешка кражба, соопшти МВР. Според полициските информации, малолетник на почетокот на октомври годинава, со намера да изврши кражба, провалил во куќа во населбата Драчево, откако со погоден предмет успеал да извади една од решетките на заштитната врата и потоа...

Двајца осомничени за фалсификување потврди за хомологација

Гостиварската полиција поднела кривични пријави против скопјанецот А.О. (48) и Т.З. (42) од Прилеп, осомничени за фалсификување исправа. Како што информираат од полицијата, осомничените со помош на скенер и на компјутер, во домот на Т.З. изработувале фалсификувани потврди за хомологација, кои потоа ги продавале на лица што увезувале возила од странство.

Полициски инспектор осомничен дека примил поткуп од 36.000 денари

Инспектор во отсекот за економски криминалитет во СВР Битоа е осомничен дека барал и примил поткуп во износ од 36.000 денари, соопшти МВР. Против полицискиот инспкетор Н.Ц. (51), секторот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до битолското обивнителство ќе поднесе кривина пријава за примање поткуп. - Пријавениот, во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна...

Притворен осомничениот што ги избоде момчињата во Ново Лисиче

Скопската полиција го привела осомничениот за обидот за убиство што се случи минатиот викенд на булеварот АСНОМ, во населбата Ново Лисиче, а во кој беа избодени две момчиња од кое едното беше хоспитализирано на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување. Како што информираат од полицијата, станува збор за Д.Р. (18), против кого е поднесена кривична пријава за обид за...

Обвинителството покрена истрага за сообраќајката кај Католичка црква

Во надлежното јавно обвинителство во Скопје пристигнала кривичната пријава, поднесена од МВР, за сообраќајната несреќа во која загина малолетник, на раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај, во близина на Католичката црква, информираат од јавното обвинителство. За несреќата е осомничено 20-годишното момче што управуваше со џипот, марка „фолксваген туарег“. - Надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истрага...

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство. Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште...

Албански државјанин снабдувал наркозависници во Кичево

Полициската станица од Кичево, поднела кривична пријава против на Д.Б. (22) од Елбасан, Република Албанија, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори. Според полициските информации, на 19 овој месец, при претрес во куќа на улицата 11 Септември во Кичево, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени биле 40,7 грама марихуана, што албанскиот...

Уценувале ресенка со компромитирачки видеоснимки

Двајца ресенци се осомничени дека уценувале нивна сограѓанка, барајќи од неа да им палти 2.000 евра, за да не објават компромитирачки видеоматеријал на интернет, соопшти полицијата. Против осомничените Г.Т. (33) и Б.О. (45) се поднесени пријави за уцена. Како што информираат од полицијата, првоосомничениот Г.Т., минатиот месец, ја пресретнал жената во близина на нејзиното работно место и, заканувајќи се дека ќе...

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е определана само на поранешниот градоначалник Александар Петрески и на уште тројца раководители на сектори од...

Притворен скопјанец, ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки фотографии на „Инстаграм“

На 19-годишен скопјанец му бил одреден осумдневен притвор, откако на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил компромитирачки фотографии од својата поранешна девојка. Како што информираат од МВР, осомничениот А.Ш. на 13 ноември ѝ се заканил на својата поранешна девоја, дека доколку не му даде 5.000 денари, на „Инстаграм“ ќе ги објави фотографиите што ги снимил додека воделе љубов. Истиот ден, тој без согласност на девојката,...

Акција на МВР и на царината: Запленети 236 грама хероин

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во заедничка акција со Царинската управа, денеска на граничниот премин Богородица, спречиле шверц на 236 грама хероин, наменет за домашниот наркопазар, соопшти МВР. Дрогата била откриена при претрес на 46-годишниот скопјанец А.Б., кој патувал во автобус, што сообраќал на редовната линија Скопје - Истанбул. - По извршениот претрес, кај лицето во елекот...

Кривична пријава против велешанец оти се обидел да прегази полицајци

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против 34-годишен велешанец, осомничен дека со камион со лажни регистарски таблички, се обидел да прегази полицајци. Според полицијата, велешанецот Е.Н. е осомничен за фалсификување личен документ и за напад врз службено лице при вршење работи во безбедноста. Инцидентот се случил на почетокот на овој месец, кога на регионалниот пат Богданци - Валандово, осомничениот одбил да запре на...

Жител на Богданци осомничен за насилство и за напад на полицајци

Четириесет и четиригодишен жител на Богданци е осомничен за насилство, откако нападнал сограѓанин и полициска екипа, која дошла да интервенира по инцидентот. Како што информираат од гевгелиската полиција, осомничениот Ѓ.Д., на почетокот на овој месец, во кафеаната „Парк“, без повод и причина нападнал сограѓанин, удирајќи го во главата. По инцидентот, тој излегол од кафеаната, но по извесно време, повторно се...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...