fbpx

Полициски инспектор осомничен дека примил поткуп од 36.000 денари

-

Инспектор во отсекот за економски криминалитет во СВР Битоа е осомничен дека барал и примил поткуп во износ од 36.000 денари, соопшти МВР.

Против полицискиот инспкетор Н.Ц. (51), секторот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до битолското обивнителство ќе поднесе кривина пријава за примање поткуп.

– Пријавениот, во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, почнувајќи од 17 ноември, повеќепати барал, а вчера и примил парична награда – поткуп од оштетен граѓанин во износ од 36.000 денари – стои во соопштението од МВР.

Како што информираат оттаму, осомничениот не подготвил соодветен службен материјал во којшто требало да бидат содржани вистинските факти и докази, што ги барало јавното обвинителство во Битола за конкретен предмет.

Пријавениот ветил дека за паричен надомест од 36.000 денари ќе подготви службен материјал кој ќе нема правни последици за оштетениот, со што го сторил кривичното дело примање поткуп, велат од полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...