fbpx

Полицаец од преминот Ќафасан осомничен за примање поткуп

-

Раководител на смена во полициската станица на граничниот премин Ќафасан е осомничен дека од двајца странски државјани побарал и примил поткуп од 50 евра, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, станува збор за полицискиот службеник Љ.П. (43) од Тетово, против кого е поднесена кривична пријава за примање поткуп.

Според полицијата, осомничениот полицаец на 6 декември од двајца албански државјани, кои патувале на релација Тирана – Скопје, и имале намера со авион од скопскиот аеродром „Александар Велики“ да заминат за Брисел, побарал 50 евра, односно, како што рекол, „да го почестат со пари за кафе“. Тој им рекол да стават банкнота од 50 евра во еден од пасошите.

Откако извршил доплнителна проверка, без да изврши евидентирање на патниците во оперативната евиденција на МВР со својата шифра и да стави печат за влез во пасошите, им дозволил на лицата влез во Македонија.

Случајот бил откриен наредниот ден, кога патниците при обид да ја поминат пасошката контрола на аеродромот „Александар Велики“, службениците забалежале дека во пасошите немаат печат за влез во државата.

Албанските државјани тогаш го опишале случајот на Ќафасан и решиле да го пријават во полиција.

– Во полициската станица во Струга, од страна на оштетените извршено е препознавање на лица во присуство на надлежен јавен обвинител од Струга, по што од нивна страна посочен е пријавениот Љ.П. како лице кое побарало и земало парична награда поткуп, во износ од 50 евра – стои во сооштението од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...