fbpx

Неделковски и Илковски добија кривични пријави за ширење говор на омраза

-

Кривични пријави против Јанко Илковски и Миленко Неделковски поднесе Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници. Пријавите се поднесени поради ширење говор на омраза, поттикнување насилство и дискриминација кон членовите на ЛГБТ-заедницата, објави „Нова“.

-Не се работи за изолиран случај во кој овие двајца новинари, преку својот хомофобичен говор, предизвикувале и директно насилство врз ЛГБТ-заедницата, туку веќе во доказните средства имаме собрано материјали против нив. Се работи за тренд – вели Драгана Дрндаровска од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Во изјавата која Неделковски ја дал за „Нова“ вели дека нема коментар. „Ќе се видиме на суд, па таму ќе коментираме“, рекол тој.
Од коалицијата велат дека доколку Обвинителството ја премолчи и оваа пријава, по поминувањето на рокот ќе се обратат до Вишото јавно обвинителство, а понатаму и до Европскиот суд за човекови права.

Дискриминацијата по секоја основа е забранета во Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...