четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: говорнаомраза | 14 резултати

Дебата: Со промените, главен уредник може да оди во затвор за говор на омраза

октомври 2, 2015

Со промените што ќе следат во медиумското работење, нема да е чудно ниту ако уредник во медиум заврши во затвор затоа што дозволува говор на омраза и дискриминација преку неговото гласило. Ова го изјави Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите (СЕММ), на денешната тркалезна маса „Справување со говорот […]

ЕУ организира тркалезна маса за справување со говорот на омраза и дискриминација

октомври 2, 2015

„Справување со говорот на омраза и со дискриминацијата – влијанието на уредниците и предизвиците со кои се соочуваат“ е темата на тркалезната маса што денеска ја организираат  ЕУ, МИМ и Советот за етика. Тркалезната маса е дел од проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“ , финансиран од Европската Унија.

Повик за обуки за справување со говорот на омраза во медиумите

септември 30, 2015

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираат три обуки за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и на говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза. Обуката е наменета за уредници, новинари и за администратори на веб-портали. Обуките кои […]

Сите кои се сведоци или жртви на говор на омраза да ги пријават случаите

јули 22, 2015

По повод 22 јули, Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Комисијата за заштита од дискриминација ги повика сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со оглед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата, и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза. […]

НВО: Говор на омраза наместо слобода на изразување

април 23, 2015

Наместо слобода на изразување, во Македонија постои говор на омраза, велат од невладините организации, кои денеска во Тетово учествуваа на дебатата под наслов „Слободата на говорот“. Навредите и клеветите што ги трпат различни категории на граѓани, ретко доаѓаат до судска разврска, истакна граѓанскиот активист Беким Асани. – Тој говор на омраза е широко распространет во Тетово. […]

ОБСЕ реагира на говорот на омраза на Миленко Неделковски

март 4, 2015

Мисијата на ОБСЕ реагирала со допис до Советот за етика во медиумите во врска со изјавата на Миленко Неделковски, дадена на настанот на „Граѓанско движење за Македонија“ на 26 февруари, во Кавадарци, како и со неговата редовна неделна емисија на телевизија „Канал 5“, извести денеска Советот преку писмено соопштение до јавноста, пренесе „Нова ТВ“. „Забелешките […]

Неделковски и Илковски добија кривични пријави за ширење говор на омраза

декември 11, 2014

Кривични пријави против Јанко Илковски и Миленко Неделковски поднесе Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници. Пријавите се поднесени поради ширење говор на омраза, поттикнување насилство и дискриминација кон членовите на ЛГБТ-заедницата, објави „Нова“. -Не се работи за изолиран случај во кој овие двајца новинари, преку својот хомофобичен говор, предизвикувале и директно насилство врз […]

„Е-општество.мк“: Интернетот е најслободниот медиум

декември 11, 2014

Фондацијата „Метаморфозис“ ја организираше јубилејната десетта по ред Меѓународна конференција „Е-општество.мк“, на тема „Човекови права на интернет – Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“. На конференцијата беше промовиран прирачник за заштита на приватноста и за одговорно користење на интернетот, како и мобилната апликација „немрази.мк“ за пријавување на говорот на омраза […]

Стотина маршираа за повеќе толеранција

ноември 16, 2014

Под силно полициско обезбедување, денеска на пладне се одржа традиционалниот Марш на толеранција во организација на Хелсиншки комитет за човекови права и на невладината организација „Цивил“. Неколку десетици учесници на маршот во 5 до 12 се собраа пред Музејот на Град Скопје и преку улица Македонија маршира кон зградата на Владата, а потоа преку мостот […]

Петар Младеновски и Петрит Сарачини во Охрид го промовираа проектот „Безомразно“

ноември 6, 2014

Движењето за младински активизам „Безомразно“ и Македонскиот институт за медиуми(МИМ), пред ученици од неколку охридски училишта го промовираа проектот насловен „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, што воедно е и конкурс наменет за млади креативци. На почетокот на презентацијата, младите ги поздрави членот на групата „Суперхикс“, Петар Младеновски, како поддржувач на младинската акција, […]

Страна 1 од 1