fbpx

Поплавата од информативни портали го зголеми говорот на омраза во медиумската сфера

-

Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во хотелот „Дрим“ во Струга, организираа еднодневен семинар и обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера.

Обуката е првенствено наменета за уредници, новинари и за администратори на веб-портали.

Целта е да се придонесе за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и на говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза и слично.

Жарко Трајаноски, еден од предавачите, укажа на појавата на сè поприсутната сајбер-омраза иа интернет, особено со поплавата од информативните портали

– Меѓутоа, не треба да се заборава дека достоинството на граѓаните се навредува и со графитите, карикатурите, фотографиите, преку постери, летоци и музички видеозаписи – рече Трајаноски.

Трајаноски смета дека новинарите треба да останат будни и пред негативните предрасуди и стереотипи, кои се еднакво штетни, додека за говорот на омразата рече дека не може да биде под заштита и да  се третира како дел од слободите во искажувањето.

Претставникот на ОБСЕ, Томе Шеќерџиев, особено се задржа на локалните медиуми и портали, кои се битна алатка на локалното информирање и придонесуваат во локалната свест за препознавање и за спречување на говорот на омраза и последиците од него.

На семинарот беше извршена и практична промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со „Сервис за проверка на факти од медиумите“, кој го претстави Назим Рушиди. Тој укажа на професионалноста како битен фактор за избегнување на дискриминацијата и говорот на омраза.

– Целта на овој сервис е да ги засили капацитетите на граѓанството во препознавањето на медиумските манипулации и спинувања, а истовремено на новинарите и на уредниците да им се помогне во имплементацијата на професионалните стандарди – рече Рушиди.

Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ слична обука ќе организираат и на 19 октомври во хотелот „Сириус“ во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...