fbpx

Петар Младеновски и Петрит Сарачини во Охрид го промовираа проектот „Безомразно“

-

Движењето за младински активизам „Безомразно“ и Македонскиот институт за медиуми(МИМ), пред ученици од неколку охридски училишта го промовираа проектот насловен „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, што воедно е и конкурс наменет за млади креативци.

На почетокот на презентацијата, младите ги поздрави членот на групата „Суперхикс“, Петар Младеновски, како поддржувач на младинската акција, која ротира во шест избрани градови.

– Се работи за интересна идеја. Сите што ги исполнуваат условите за конкурсот, можат да учествуваат. Треба да се изработи оригинален флешмоб, а кој треба да содржи елементи против говорот на омраза. Повеќето од вас знаат дека со овој проблем се среќаваме секојдневно, речиси во секое сокаче. Се обидуваме да го искорениме некако. Ова е една од тие иницијативи и кампањи што треба да помогнат во таа насока – истакна Младеновски.

Петрит Сарачини, претставник на движењето за младински активизам „Безомразно“, смета дека проектот може да покаже дека младите имаат волја и идеја да се борат против говорот на омраза.

– Факт е дека сите сакаат да го живеат животот во еднаквост. Младите се тие кои биле сведоци на разни случаи каде имало говор на омраза. Но, истите тие млади, се оние кои не го сакаат тоа во секојдневието. Со малку активизам, може да се променат многу работи. Досега имало многу вакви проекти, но ние одбравме еден поинаков пристап и веруваме дека тоа може да донесе резултат. Со овој проект, младите ќе можат и да се забавуваат, но и да видат до каде можат да одат со своите идеи – рече Сарачини.

За најдобрите три идеи, кои ќе бидат оценети од страна на претставници на движењето „Безомразно“, ќе се доделат средства од 100.000 денари за реализација на јавен перформанс/флешмоб против говорот на омраза. Со своите идеи заинтересираните може да аплицираат на официјалната страница на движењето „Безомразно“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...