fbpx

ОБСЕ реагира на говорот на омраза на Миленко Неделковски

-

Мисијата на ОБСЕ реагирала со допис до Советот за етика во медиумите во врска со изјавата на Миленко Неделковски, дадена на настанот на „Граѓанско движење за Македонија“ на 26 февруари, во Кавадарци, како и со неговата редовна неделна емисија на телевизија „Канал 5“, извести денеска Советот преку писмено соопштение до јавноста, пренесе „Нова ТВ“.

„Забелешките на Неделковски се продолжение на негативната практика на говор на омраза, како дел од неговите редовни искажувања. Мисијата на ОБСЕ во Скопје е вклучена во проекти против говорот на омразата. Доколку во медиумите се дозволува ширење на таков говор, се компромитираат и се потценуваат нашите заложби“, пишува во реакцијата од Мисијата на ОБСЕ. Според тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје „одбива каков било контакт со Неделковски и со сите медиуми што му обезбедуваат платформа за да ги искаже таквите ужасни пораки“, се вели во соопштението на Советот.

Во реакцијата на ОБСЕ, со својата изјава, според која, голем број лица, повеќето новинари и политичари, треба „да се закопаат длабоко и врз нив да се стави една дебела, силна, армирана, бетонска плоча за веќе да немаат никакво влијание врз ова што се случува“, како и со други негови забелешки, Неделковски ја надмина црвената линија во говорот на омразата, што е дејство што не смее да се толерира.

Повикувајќи го Советот за етика во медиумите на Македонија да ги разгледа последиците од таквите изјави, Мисијата на ОБСЕ констатира дека во слободата на говорот и размената на различни мислења постојат граници кога се загрозени правото на живот и на физичкиот интегритет на други лица. Освен тоа, според ОБСЕ, ова e штетно врз моралната едукација на идните генерации во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...