fbpx

Странец фатен со лажна лична карта на скопскиот аеродром

-

Албански државјанин е осомничен дека употребил фалсификувана италијанска лична карта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопшти МВР.

Регионалниот центар за гранични работи Север, против В.М. (27) поднел кривична пријава за фалсификување исправа.

Според полицијата, кон крајот на минатиот месец, осомничениот на граничниот премин на аеродромот, на пасошка контрола, употребил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин.

По преземените мерки, полицијата утврдила дека албанскиот државјанин ја набавил лажната лична карта од непознато лице во Тирана, за сума до 1.000 евра и со неа сакал да замине во Англија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.