fbpx

Кривични пријави против три лица за илегален превоз на мигранти

-

Минатата недела во три одвоени случаи, против три лица, С.Н. (39), Д.М. (26) двајцата од село Марвинци, Валандовско и С.К. (25) од село Казандол, исто така Валандовско, се поднесени кривични пријави за илегален превоз на мигранти.

При акцијата се откриени 25 илегални мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. На пријавените Д.М. и С.К. судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од осум дена.

Во првиот случај, четири сириски мигранти, заедно со пријавениот С.Н. од село Марвинци, затекнати се во близина на напуштен објект во местото Стара кафана. Илегалните мигранти по документирањето на случајот се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај пријавениот Д.М. со товарно моторно возило „фургон“, марка „пежо боксер“, со гевгелиски регистарски таблички, по претходен договор со лице од Пакистан, на патниот правец Марвинци – Балинци, кај местото Канал, прифатил 20 сириски државјани од кои четворица поседувале и грчки документи, за да ги превезе до наплатната рампа пред Куманово за сума од 130 евра од лице. Но, набргу по тргнувањето, кај раскрсница Валандово – Дојран – Струмица, од полициски службеници од ПС од ОН Валандово, со светечка стоп-палка му е дадено знак да застане, при што Д.М. не ја почитувал дадената наредба, ја зголемил брзината на возилото и се упатил во правец на селото Раброво. Кај местото Штали, тој го запрел возилото и се дал во бегство со поголем дел од мигрантите. Набргу е фатен и приведен во полициската станица Гевгелија.

Во третиот случај, пријавениот С.К., управувајќи патничко моторно возили марка „југо темпо 1.1“, со струмички регистарски таблички, се обидел од близината на село Јосифово, Валандовско, до Скопје да превезе пет илегални мигранти, но бил фатен при контрола во близина на Демир Капија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...