fbpx

Полицаец осомничен за шверц на илегални мигранти

-

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава против полицаецот А.Х. (29) од Скопје, осомничен дека при крајот на октомври минатата година шверцувал илегални мигранти, соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, осомничениот полициски службеник и скопјанецот Р.С. (33), кон крајот на октомври за одреден паричен надомест прифатиле да пренесат илегални мигранти од Гевгелија до Скопје. Откако ги зеле мигрантите во близина на Гевгелија, кај селото Милетково, полициска патрола се обидела да го запре Р.С., но на дадениот знак тој продолжил да вози. По извесно време полицијата го нашла возилото со мигрантите, но не и возачот Р.С. кој бил откриен и приведен неколку дена подоцна.
Во меѓувреме, патролните тимови на полицијата забележале автомобил „голф 3“ како на паркиралиште во близина на Милетково истоварува петмина мигранти. Полицајците го привеле својот колега, но не ги нашле мигрантите. По извршениот разговор во полициската станица во Гевгелија, А.Х. бил пуштен на слобода поради немање докази.

„По преземени дополнителни мерки и активности и обезбедени дополнителни докази за лицето, на 22 јануари, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење мигранти, по што од судија на претходна постапка добиена е наредба за приведување и истиот на 26 јануари е приведен и однесен пред судијата на претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...