fbpx

Управители на градежна фирма осомничени за затајување данок

-

Струмичката полиција поднела кривична пријава против градежната фирма „Антеа МГ“ ДОО Штип и против нејзините управители М.Н. (43), Д.Ј. (27) и В.Т. (40), осомничени за даночно затајување и за фалсификување и уништување деловни книги.

Како што информираат од полицијата, осомничените се товарат дека во периодот од 2009 до 2012 година не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од околу 13,5 милиони денари или околу 220.000 евра.

Во истиот период, пријавените пресметале помалку данок на добивка во износ околу 11 милиони денари, а потоа подготвиле даночна пријава со невистинита содржина и ја доставиле до Управата за јавни приходи (УЈП).

Според полицијата, осомничените го оштетиле буџетот на државата за вкупен износ од околу 24,5 милиони денари, односно околу 400.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...